ВИЛИЈАМС СО МЕРЦЕДЕС МОТОРИ ЗА 2014 ГОДИНА?!?
5/23/2013 07:03:00 PM
0
Според германскиот Ауто мотор унд Спорт, тимот на Вилијамс е во преговори со Мерцедес за снабдување со мотори во сезоната 2014 година. Сегашниот договор помеѓу Вилијамс и Рено истекува на крајот на сезоната, а шпекулациите говорат дека промената на снабдувачот со мотори се очекува да биде официјализирана на почетокот на летото. Тимот настојува што побрзо да го затвори ова прашање, за инженерите да имаат прецизни информации во врска со новиот мотор,т.е. да бидат во можност да продолжат кон деталниот дизајн на болидот за 2014 година. Оваа промена е исклучително од финансиска природа.
Tags
Share to other apps