Меѓународниот трибунал на ФИА денес ги сослуша обвинетите страни во аферата со тајната тест сесија на Пирели изведена во Барселона, непосредно по завршувањето на Шпанското ГП. Обвинети се Мерцедес АМГ и Пирели, по приговор од страна на Ред Бул и Ферари, дека на таа сесија бил користен тековниот болид што е строго забрането со правилата и прописите на Формула 1. Претседател на трибуналот е Едвин Глазгов, и брои четворица судии кои ги слушнаа докази од ФИА, Мерцедес и Пирели за време на седум-часовна сесија во седиштето на ФИА во Париз.
"Ќе ја имате пресудата до утре, Петок..." - изјави Глазгов, по завршување на сослушувањето.
Со започнувањето на денешното сослушување во седиштето на ФИА во Париз, помеѓу претставниците на Мерцедес АМГ и Пирели беше забележан и Кристијан Хорнер, за кој на почетокот не беше јасно зошто е таму, но на крај се испостави дека е таму едноставно како набљудувач.
Еве кои беа поважните настани:
- Беше објаснето дека Пирели е повикан како обвинета страна поради тоа дали ги поканил и другите тимови на тест како и Мерцедес АМГ и поради тајноста во кој бил одржана оваа тест сесија, и дали тоа било "штетно" дејствие за најдобрите интереси на Формула 1.
- ФИА инсистира на тоа дека Мерцедес и Пирели никогаш не добиле официјална дозвола од страна на раководното тело на Ф1 да се користи тековниот 2013 болид за време на фамозната тест сесија. Покрај тоа, таа тврди дека какви било индикации на Мерцедес АМГ дека тие имале дозвола да се употреби нивниот тековен болид, добиена од Чарли Вајтинг е "ирелевантна".
- Според адвокатот ангажиран од Мерцедес АМГ правилото кое дефинира што значи тестирање на тековниот болид во еден дел гласи: "се забранува секоja активност на патеките преземена од страна на еден од конкурентските тимови во шампионатот." Па според него, фактот што тестот беше организиран, платен и одржан од Пирели значи дека Мерцедес АМГ не може да одговара за повреда на ова правило.
- Мерцедес АМГ тврди дека ако биде прогласен за виновен за кршење на Формула 1 правилата за тестирање, тогаш и Ферари, исто така, треба да бидат санкциониран за својата тест сесија со Пирели, одржана претходно оваа година.
- За време на вкрстеното испрашување, Рос Браун, призна дека е "неизбежно" дека неговиот тим стекнал некои податоци од Пирели тестот, но инсистира на тоа дека тие податоци не би биле од голема важност за конкурентноста на нивниот болид. Но, ако за секое случување на патеката го прашуваме Чарлс Вајтинг за дозвола, зошто сега не би требало да се земе во обзир неговото одобрување на тест сесијата?!?
- Пирели неможе да разбере зошто се соочува со дисциплинска постапка од ФИА во врска со оваа тест сесија. Адвокатот на Пирели тврди дека ФИА нема надлежност врз нив, туку за секакви меѓусебни недоразбирања се надлежни цивилните судови.
П.С.
По завршување на сослушувањето секој со изјави за јавноста. Според МкФормула1 од изјавите на Рос Браун и Мерцедес АМГ, но и присутноста на Кристијан Хорнер, вака нешто би изгледала утрешната пресуда во кратки црти во однос на овој тим: И покрај тоа што одржаната сесија е прекршување на забраната за тестирање на тековните болиди, Мерцедес АМГ дејствувал со добра намера и во консултација со Чарли Вајтинг, се казнува со опомена или забрана за учество на тест сесијата за млади возачи која ќе се одржи следниот месец на патеката Силверстоун. Но, ќе почекаме до утре да ја видиме конечната одлука. Кога има толку многу правила, секако некој ќе се изгуби во тој лавиринт. Се треба да се поедностави на ниво излези на патеката со брз болид и победувај.
UPDATE: ОФИЦИЈАЛНАТА ПРЕСУДА НА МТ НА ФИА:
ФИА Меѓународниот трибунал одлучи дека:
1. Мерцедес АМГ се опоменува.
2. Мерцедес АМГ се суспендира од учество во претстојниот "три-дневен тест на млади возачи".
3. Мерцедес АМГ ќе плати 1/3 од трошоците на истрагата и постапката, како што е предвидено со член 13.2, со исклучок на правните трошоци на ФИА.
4. Пирели се опоменува.
5. Пирели ќе плати 1/3 од трошоците на истрагата и постапката, како што е предвидено со член 13.2, со исклучок на правните трошоци на ФИА.
6. ФИА ќе сноси 1/3 од трошоците на истрагата и постапката, како што е предвидено со член 13.2, и сите свои судски трошоци.
7. Се отфрлаат сите други и понатамошни заклучоци.
ПРОЧИТАНА ПРЕСУДАТА ЗА ФАМОЗНАТА ТЕСТ СЕСИЈА НА ПИРЕЛИ И МЕРЦЕДЕС АМГ
6/20/2013 06:54:00 PM
0
Share to other apps