Тренингот започна со 20% шанси за дожд, но за среќа на возачите кои беа нестрпливи да ги испробаат своите болиди на сува патека, се остана само на тие прогнози. Новите гуми на Пирели значеа дека ќе биде победено најбрзото време на вториот тренинг од минатата сезона, кое беше 1:15.259. Повеќето возачи тренингот го започнаа на развојниот прототип на медиум Пирели гумите, немаше некои големи возбудувања, освен кратките излети на Перез и Хамилтон во кривината 10, и Чилтон, Хулкенберг, Пик, Верн во кривината 14. Единствен кој се жалеше на новите гуми беше Џенсон Батон, на кого му одеше тешко нивното загревање, па набрзо се префрли на стандардните медиум гуми.
По околу дваесетина минути од сесијата, Фелипе Маса го забележува најбрзото време од 1:16.001, што беше околу 0.7 секунди побавно од очекуваното најбрзо време, а Фернандо Алонсо имаше милиметарка средба со ѕидот на Шампионите. Следуваше подобрување на најбрзото време од страна на Луис Хамилтон, кој беше првиот возач под границата од 1:16 минути. На некого подготовките на болидите одеа како што посакуваат, а Хулкенберг не беше задоволен со својот Заубер, и се жалеше дека дефинитивно нешто не во ред со неговиот болид. Следуваа брзи кругови на Себастиијан Ветел и Марк Вебер кој конечно со побрзо време од минатогодишното забележано на вториот тренинг. Ред Бул повторно многу резервирано на тренинг сесиите.
На половина од сесијата возачите почнаа да поставуваат времиња на супер-меките гуми и веднаш времињата почнаа да се подобруваат, за повторно Луис биде прв што ја помина границата од 1:15 минути и изби на врвот на табелата. Следува мирен период на подолги стинтови, со полн резервоар гориво во болидите и симулација на трка. Батон имаше проблеми со сензорите во својот менувач, а Кими Раиконен се жалеше на "мека" кочница.
Следува блесок на Фернандо Алонсо, 20 минути пред крај на сесијата, поставувајќи го што на крај се покажа како денешното најбрзо време. Немавме други брзи кругови, и симулациите на трка продолжија до самиот крај на тренингот. На крај, најбрзите 10 возачи беа во опсег од само 0.740 секунди, а најмалата разлика меѓу двајца возачи беше 0.005 секунди помеѓу Нико Розберг и Фелипе Маса кои го имаа 5 т.е 6-тото најбрзо време.
Третиот слободен тренинг започнува во 16:00 СЕТ/МК, а Квалификациите во 19:00 CET/MK.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фернандо Алонсо Ферари 1:14.818 48
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:14.830 + 0.012 45
3. Роман Грожан Лотус 1:15.083 + 0.265 40
4. Марк Вебер Ред Бул 1:15.212 + 0.394 46
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:15.249 + 0.431 46
6. Фелипе Маса Ферари 1:15.254 + 0.436 43
7. Себастијан Ветел Ред Бул 1:15.280 + 0.462 41
8. Адријан Сутил Форс Индија 1:15.396 + 0.578 43
9. Џенсон Батон Мекларен 1:15.422 + 0.604 29
10. Даниел Рикардо Торо Росо 1:15.566 + 0.748 38
11. Кими Раиконен Лотус 1:15.599 + 0.781 35
12. Серџо Перез Мекларен 1:15.661 + 0.843 39
13. Пол ди Реста Форс Индија 1:15.855 + 1.037 22
14. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:16.319 + 1.501 46
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:16.351 + 1.533 38
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:16.374 + 1.556 40
17. Естебан Гутиерес Заубер 1:16.475 + 1.657 45
18. Нико Хулкенберг Заубер 1:16.929 + 2.111 35
19. Жил Бјанки Марусија 1:17.070 + 2.252 41
20. Чарлс Пик Катерам 1:17.236 + 2.418 35
21. Макс Чилтон Марусија 1:17.888 + 3.070 45
22. Гидо ван дер Гард Катерам 1:18.392 + 3.574 39