Мерцедес АМГ и Пирели ќе се појават пред Меѓународниот трибунал во Париз на 20 јуни на закажаната расправа по обвинувањата дека со одржаната тест сесија во Шпанија минатиот месец, ги прекршиле правилата на Формула 1 спортот, во кои се вели дека тестирањата во тековната сезона со тековниот болид се строго забранети. Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) соопшти дека известувањето за обвиненијата против двете страни биле испратени до претседателот на Трибуналот.
Управното тело на овој мотоспорт во соопштението вели: "Пирели и Мерцедес АМГ Петронас Ф1 се повикани од Претседателот на Меѓународниот трибунал да се појават пред комисијата на МТ. Пресудата ќе биде објавена "што е можно поскоро", по сослушувањето."
На Мерцедес АМГ, кој заврши на третото место во неделата на Канадското Гран При со Луис Хамилтон, доколку биде прогласен за виновен, му се закануваат казни кои се движат од парична казна, одземање на поени, па дури и исклучување од овој спорт. Од Мерцедес велат дека тие ја поздраваат оваа можност да го презентираат својот случај на Трибуналот и да му ги објаснат сите факти на "отворен и транспарентен начин".
* ПИРЕЛИ И МЕРЦЕДЕС АМГ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ СООЧАТ СО МЕЃУНАРОДНИОТ ТРИБУНАЛ НА ФИА?!?
* ТАЈНИ ТЕСТИРАЊА: ПИРЕЛИ СО ОДГОВОР НА ФИА
* ФИА МЕЃУНАРОДНИОТ ТРИБУНАЛ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА МЕРЦЕДЕС АМГ
* ФИА СО СООПШТЕНИЕ ВО КОЕ ГО ОБЈАСНУВА НАЧИНОТ НА РАБОТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТРИБУНАЛ
ОФИЦИЈАЛНО: МЕРЦЕДЕС АМГ И ПИРЕЛИ ПРЕД МЕЃУНАРОДНИОТ ТРИБУНАЛ НА 20 ЈУНИ
6/10/2013 09:09:00 PM
0
Share to other apps