Фернандо Алонсо демантира дека стратегијата на Ферари во третата сесија од квалификациите била коцкање, единствениот начин на кој може да ги предизвикаат Ред Бул и Мерцедес АМГ. Во Q3 двата болиди на Ферари возеа со медиум гумите на Пирели, која што е побавната, но поиздржлива. Но, Шпанецот признава дека не можеле да се надеваат на првите 4 стартни позиции, а кога размислиле подобро 5 или 6 стартна позиција со меките, може да се замени со 7-8 на медиум гумите, што би било подобра стратегија за утрешната трка.
"Мислам дека направивме чекор понапред на овој Гранд При викенд. Сега сме поконкурентни во однос на она што бевме на последната трка на Силверстоун, каде што заостанувавме за 1.5 секунди, на тренинзите, на Q1, на Q2. Тоа не беше случај денес. Значи тимот дефинитивно направи чекор понапред и се враќаме на повисоко ниво на конкурентност. Но, јасно е дека мора да се подобруваме уште повеќе."
"И предходно не бевме брзи, особено во квалификациите, а не бевме ни денес, но сме големи оптимисти за утрешната трка бидејќи нашиот болид има добри тркачки перформанси. Која ќе биде подобрата стратегија, ќе видиме утре. Без разлика кои гуми ќе ги изберете, доколку не сте брзи, тогаш не може да се надевате на подиумот или победата. Резултатот во трката нема да зависи од стратегијата и гумите, туку од брзината на болидот."
ФЕРНАНДО АЛОНСО НЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЈА ОДБРАЛЕ ПОДОБРАТА СТРАТЕГИЈА
7/06/2013 07:10:00 PM
1
Share to other apps
Ферари мака мачат и со гумите и со сетапот на болидот на оваа патека. На една трка се конкурентни, на друга нигде ги нема. Се надевам дека утре Алонсо ќе извади максимум и ќе успее да се бори за место на подиумот, но против Ред Бул тешко дека ќе го добијат дуелот, освен ако не ги „стрефи“ уште еден малер како во Силверстон.
ReplyDeleteМерцедес иако бележат значаен прогрес сепак на трка им паѓа темпото. Ферари почесто знае да изненади од задните позиции на старт отколку Хамилтон/Розберг.
Алонсо е пак возач кој никогаш не застанува и секогаш го вози болидот на самата граница и што е најинтересно болидот е доста издржлив.
пс - најдобриот ф1 блог во македонија!? можеби е единствен, но тоа не значи најдобар. ;-)))