Како и во сите ФИА шампионати, безбедноста останува од суштинско значење за Формула Е во сите аспекти, почнувајќи од болидот, па се до промовирање на совети за безбедно возење до фановите.
Болидот СТР_01Е веќе ги исполнува 2014 ФИА стандардите за безбедност, истите кои се користат за регулирање на Формула 1. Пред секоја трка, сите патеки од 2014 Формула Е календарот ќе мора да поминат ригорозна безбедносна инспекција, и ќе бидат конструирани со користење на одобрени сигурносни бариери. Сите трки ќе бидат набљудувани од страна на ФИА медицински делегат, заедно со екипи на брза помош, спасувачи и маршали. Истите високи стандарди за безбедност, исто така, ќе важат и за посетителите и гледачите на секој настан.
Покрај тоа, Формула Е ќе работи напорно, за да се пренесат пораките за безбедност до своите фанови, преку поддршка на кампањата на ФИА за безбедност на патиштата.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.