Лотус Ф1 денес во попладневните часови, како што најавивме, ја објави возачката постава за 2014 сезоната. Пастор Малдонадо се приклучува на тимот од Енстоун, како тимски колега на Роман Грожан.
Пастор Малдонадо за себе има 58 Гранд При трки, освојувајќи една Пол позиција и Победа на 2012 Шпанското ГП во Барселона, со болидот на Вилијамс Ф1.
Роман Грожан, возеше за Лотус Ф1 од почетокот на сезоната 2012 , откако претходно ги возеше финалните седум трки од сезоната 2009, кога овој тим го носеше името Рено Ф1.
Ерик Булие изјави: "Со големо задоволство официјално потврдувам дека Роман Грожан ќе продолжи со Лотус Ф1 и следната сезона. Неговиот огромен талент ќе биде фантастична предност за предивикот што не очекува во 2014 сезоната."
"Роман ќе биде придружуван од Пастор Малдонадо, возачот кој возеше за мене во DAMS, во Шампионатот на Рено во 2005 година. Јасно е дека Пастор има перформанси и потенцијал, а доказ за тоа е неговата 2010 ГП2 Титула."
"Ние работиме на нашиот нов болид за 2014 сезоната повеќе од две години и ние сме убедени дека имаме многу добро решение за сите предизвици. Со Роман и Пастор, верувам дека Лотус Ф1 тимот ќе биде во состојба да приреди повеќе изненадувања следната година."
Роман Грожан: "Јас сум многу среќен што добив официјална потврда дека ќе продолжам да возам за Лотус Ф1. Измината година, за мене, претставуваше неверојатно задоволство за возење. Направивме добра работа заедно, и знам дека сите во Енстоун се мотивирани да продолжиме со борбата за секој поен што е на располагање. Јас сум многу возбуден околу болидот за следната сезона и со нетрпение очекувам да ги започнеме тест сесиите, пред да заминеме за Австралија за првата трка од сезоната."
Пастор Малдонадо: "Ова е фантастична прилика за мене, што можам да се приклучам на Лотус Ф1 тимот за 2014 година. Не е тајна дека сакав промена на средината, за да напредувам со мојата Формула 1 кариера и Лотус Ф1 ми ја нуди најдобрата можност за конкурентен болид. Прописите и болидите значително ќе се променат, така што е многу добро време за нов почеток. Нестрпливо очекувам да дебитирам во црно-златната боја. "
ЛОТУС Ф1 ЈА ОБЈАВИ ВОЗАЧКАТА ПОСТАВА ЗА 2014 СЕЗОНАТА
11/29/2013 11:01:00 PM
0
Share to other apps