Адријан Њуи не е воодушевен со новиот изглед на РБ10, и верува дека 2014 сезоната ќе ги донесе најгрдите болиди во историјата на Формула 1. Според него, ФИА, кога ги носела новите правила, требала да посвети поголемо внимание на изгледот на болидите: "Идеално би било, ако болидите бидат брзи и убави, но правилата го дефинираат нивниот изглед. Се разбира, секој дизајнер повеќе се фокусира на перформансите, тоа е нормално. Ако ме прашувате мене, требало малку повеќе да се размислува за естетиката на болидот додека се пишувале правилата."
Џејмс Алисон, техничкиот директор на Ферари, пак мисли дека со тек на време на се се навикнуваме: "Мислам дека ако погледнеме назад во текот на годините, постојат некои поубави сезони од другите сезони. На пример, болидите од 2009 сезоната, кога се појавија на патеката не ми се допаѓаше нивниот изглед, но потоа целосно се навикнав на нив и од денешна перспектива мислам дека тие изгледаат прилично секси. Степенестите носеви, повторно не ми се допаднаа, но сега не ми сметаат. Како технички тим, ние имаме должност да се обидеме да направиме брз болид, наместо убав. Убавината не носи резултати."
Повеќето дизајнери се сложуваат со мислењето на Њуи, дека следната година ќе има голема промена во аеродинамиката, па постои можност некој од тимовите да направи подобар болид од другите. Постои и голема промена во однос на моторите, па затоа е многу неизвесено, кој тим/тимови ќе направат подобра работа. Едно е сигурно, добар болид ќе има оној тим кој ќе има добар мотор и шасија, и кои ќе се надополнуваат во една совршена целина. Кој ќе се појави со идеалната комбинација? Тоа е големото нагаѓање за следната сезона."
АДРИАН ЊУИ ВЕРУВА ДЕКА 2014 СЕЗОНАТА ЌЕ ДОНЕСЕ ГРДИ БОЛИДИ!!!
11/28/2013 11:25:00 PM
0
Share to other apps