Најмногу од ова црвено знаме загуби Џенсон Батон, кој во тие моменти престигна болид и со тоа си заработи казна од три места поназад од старната позиција што ќе ја освои на утрешните квалификации. Британецот го имаше второто најбрзо време, а веднаш зад него Валтери Ботас со Вилијамс. Но, сето тоа беше привидно, бидејќи од тимските радио се дозна дека Ред Бул, Мерцедес АМГ и Лотус беа со повеќе гориво во своите резервоари.
Дањил Квјат го имаше своето деби во Формула 1, и со болидот на Торо Росо го извозе својот прв тренинг. Го забележа 17-тото најбрзо време, и беше веднаш зад својот тимскиот колега Даниел Рикиардо. Александар Роси, во својот прв настап пред неговата домашна публика, заврши 19-ти за Катерам
Родолфо Гонзалес го предизвика единствениот инцидент кога неговиот болид застана на патеката по проблемите со моторот. Првата тренинг сесија не е вистински показател на формата на тимовите, а почетокот на вториот слободен тренинг го докажа тоа.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ- ФЕРНАНДО АЛОНСО СО НАЈБРЗО ВРЕМЕ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фернандо Алонсо Ферари 1:38.343 16
2. Џенсон Батон Мекларен 1:38.371 + 0.028 25
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:38.388 + 0.045 17
4. Естебан Гутиерез Заубер 1:38.532 + 0.189 18
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:38.657 + 0.314 21
6. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:38.979 + 0.636 21
7. Фелипе Маса Ферари 1:39.005 + 0.662 17
8. Марк Вебер Ред Бул 1:39.083 + 0.740 17
9. Нико Хулкенберг Заубер 1:39.158 + 0.815 17
10. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:39.200 + 0.857 15
11. Роман Грожан Лотус 1:39.238 + 0.895 13
12. Серџо Перез Мекларен 1:39.256 + 0.913 17
13. Хеики Ковалаинен Лотус 1:39.487 + 1.144 18
14. Адријан Сутил Форс Индија 1:39.699 + 1.356 15
15. Пол ди Реста Форс Индија 1:39.836 + 1.493 15
16. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:39.863 + 1.520 19
17. Дањил Квјат Торо Росо 1:40.065 + 1.722 20
18. Себастијан Ветел Ред Бул 1:40.662 + 2.319 21
19. Александар Роси Катерам 1:41.399 + 3.056 21
20. Макс Чилтон Марусија 1:41.605 + 3.262 19
21. Чарлс Пик Катерам 1:42.054 + 3.711 19
22. Родолфо Гонзалес Марусија 1:43.716 + 5.373 17
На втората тренинг сесија се си дојде на свое место, Ред Бул далеку напред, ги следат Мерцедес АМГ и Лотус, а Ферари повторно со очајно слаби резултати. Како што тргнала работава, борбата за второто место во конструктори се претвора во борба за третата позиција, која би требало да ја задржат по секоја цена.Квалификациите се утре, Сабота, 16 Ноември, со почеток од 19 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ - СЕ СИ ДОЈДЕ НА СВОЕ МЕСТО
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:37.305 35
2. Марк Вебер Ред Бул 1:37.420 + 0.115 37
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:37.785 + 0.480 38
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.958 + 0.653 38
5. Кими Раиконен Лотус 1:38.073 + 0.768 41
6. Естебан Гутиерез Заубер 1:38.229 + 0.924 40
7. Нико Хулкенберг Заубер 1:38.254 + 0.949 40
8. Роман Грожан Лотус 1:38.255 + 0.950 33
9. Џенсон Батон Мекларен 1:38.269 + 0.964 34
10. Фернандо Алонсо Ферари 1:38.461 + 1.156 33
11. Адријан Сутил Форс Индија 1:38.719 + 1.414 31
12. Фелипе Маса Ферари 1:38.938 + 1.633 37
13. Серџо Перез Мекларен 1:38.941 + 1.636 31
14. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:39.246 + 1.941 28
15. Пол ди Реста Форс Индија 1:39.410 + 2.105 34
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:39.512 + 2.207 37
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:39.579 + 2.274 36
18. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:39.784 + 2.479 33
19. Чарлс Пик Катерам 1:40.376 + 3.071 39
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:40.563 + 3.258 35
21. Макс Чилтон Марусија 1:46.226 + 8.921 31
22. Жил Бјанки Марусија 1:47.009 + 9.704 20