Се започна кога Фернандо Алонсо јавно искажа серија на потценувачки забелешки за 2013 болидот и поставеноста на Ферари Ф1 тимот, за веднаш да следи реакција од Монтеѕемоло дека никој не е над Ферари, па ни Шпанецот. Но како да не запре само на тоа, и во последно време како да се во некоја, барем навидум мини војна.
Сопственикот на Ферари истакна дека оваа сезона на Фернандо Алонсо ја оченува со резултат 8 од 10, и дека е многу, многу добар возач. При официјализирањето на договорот со Кими Раиконен, тој нагласи:
"Не ми се допаѓа принципот на број 1 и број 2 (од кога тоа?!?). Ферари е голем тим и јас сакам најдобрите возачи да возат за тимот, ние не се потпираме само на еден возач. Мислам дека Фернандо и Кими нема да имаат проблеми, тие се возрасни луѓе и сигурен сум дека ќе соработуваат заедно како возачи."
Луѓе блиски на Алонсо, велат дека неговата реакција на јавно добиената оценката била:
"Јас не ја гледам поентата да ми се дава оценка, јас ја завршив мојата работа и се надевам дека се цени мојата вистинска вредност. Горд сум што завршив втор во шампионатот, бидејќи имав болид кој не можеше да се квалификува подобро од 7-мата или 8-мата позиција на патеката."
Најново е што по налог на Лука ди Монтеѕемоло, Претседателот на Ферари, на Фернандо Алонсо му е забрането да комуницира со фановите за се околу Ферари преку неговиот личен профил на Твитер - @alo_oficial. Тоа ќе биде објавувано преку секторот за комуникации на овој Италијански тим.
Фернандо Алонсо: "Твитер ми овозможува да бидам во директен контакт со моите фанови, да им помогнам да откријат некои аспекти на мојата работа што тие никогаш не би ги дознале поинаку. Се разбира, јас не можам да твитам се и сешто, затоа што во Формула 1, голем број на информации мора да останат доверливи, но мислам дека тоа е една забавна и корисна алатка."
Тоа е, кога немаш Брз болид ќе се занимаваш со глупости, секако Ферари е над се, се знае кој е шеф, но сепак и мала критика нема да штети, искажана јавно од Алонсо, кој го упропастува својот талент со просечни болиди на Ферари. Секако и медиумите знаат да ги измешаат работите и да создаваат приказни каде што ги нема, а многупати и претеруваат. Така, ова со Твитер не било наменето да се навредува Алонсо, тоа било со цел да се заштити Алонсо и Ферари од медиумите кои секогаш ги извртуваат зборовите на Алонсо.
Овие изјави никако не можат да бидат мотивирачки за вашиот возач! Може ли да има вистина дека 2014 е последната сезона на Алонсо во Ферари?!?
ШПЕКУЛАЦИЈА: МОНТЕЗЕМОЛО И АЛОНСО НЕ СЕ ВО НАЈДОБРИ ОДНОСИ?!?
11/28/2013 06:57:00 PM
0
Share to other apps