Tимот на Мерцедес АМГ денес официјално најави дека Рос Браун ќе се повлече од својата позиција како тимски шеф на крајот од 2013 година. По подолг период на отворена дискусија меѓу засегнатите страни на тимот, Рос избрал да го предаде лидерството на тимот на Тото Волф и Педи Лоу, почнувајќи од 1. 1. 2014 година. Според Германскиот Билд, Браун ќе биде на одмор неколку месеци, да се посвети на своето хоби - риболов, за повторно тој да се врати во Формула 1, во одделот на Хонда, каде ќе се произведуваат и развиваат Ф1 моторните единици, со кои ќе се снабдува тимот на Мекларен од 2015 година. Втора помалку веројатна, но не и невозможна, е враќањето во Ферари.
Рос Браун: "Најважниoт услов во мојата одлука да се повлечам од улогата на тимски шеф беше да се обезбеди вистинскиот тајминг, со цел да не се загрози успехот на тимот. Процесот на предавање на одговорностите и обврските го имплементиравме во текот на целата година, што значи дека ние сме подготвени да ја спроведеме таа транзиција т.е. примо-предавање на тековните одговорности на новиот раковододен тим составен од Тото и Педи."
"Мерцедес-Бенц има значително инвестирано во инфраструктурата во Брекли и Бриксворт, но и на персонален план. Благодарение на тоа, тимот сега е во уникатна позиција за да се успее во 2014 година и јас сум горд што помогнав да се постават темелите за овој успех. Сепак, 2014 година ќе го означи почетокот на една нова ера во спортот. Затоа, чувствував дека е вистинското време, да почне и нова ера на управување со тимот. Убеден сум дека во иднина тимот ќе бележи многу успешни денови и ќе бидам вистински горд што лично допринесов во тие достигнувања."
ОФИЦИЈАЛНО: РОС БРАУН ЗАМИНУВА ОД МЕРЦЕДЕС АМГ НА 31.12.2013
11/28/2013 03:09:00 PM
0
Share to other apps