Денес во Париз на состанокот на Ф1 работната група за стратегија и Формула 1 комисијата, следниве заклучоци се едногласно одобрени:
• ЛИМИТИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ
Усвоен е метод за утврдување на максималните трошоци на Ф1 тимовите. Одредениот лимит ќе се применува од јануари 2015 година. Во наредните денови ќе биде формирана работна група во рамките на ФИА, која ќе се состои од претставници на носителот на комерцијалните права и претставници на тимовите. Целта на работната група ќе биде да се донесат прописи кои ќе бидат одобрени до крајот на јуни 2014 година.
• ПИРЕЛИ ТЕСТ СЕСИЈА, БАХРЕИН, 17-19 ДЕКЕМВРИ.
ФИА денес објави дека на Формула 1 тимовите ќе им биде дозволено да имаат тест сесија во Бахреин, по барањето на Пирели од минатиот месец. Ф1 комисијата соопшти дека се согласила за промена на правилата со кои се забранува тестирање до следната година од безбедносни причини. За оваа тест сесија биле поканети сите тимови, но само Ред Бул, Мерцедес АМГ, Ферари, Мекларен, Форс Индија и Торо росо ја прифатиле понудата. Преостанатите пет тимови, Лотус, Заубер, Вилијамс, Марусија и Катерам нема да учестуваат.
• ПОСТОЈАНИ БРОЕВИ ЗА ВОЗАЧИТЕ
Од возачите ќе биде побарано да изберат нивен уникатен тркачки број, помеѓу 2 и 99, кој ќе го користат за време на траењето на својата кариера во Формула 1 Шампионат. Број 1 ќе биде резервиран за тековниот светски шампион, ако тој избере да го користи. Ако повеќе од возачи одберат ист број, приоритет ќе се даде на возачот кој има повисок пласман во шампионатот од претходната година.
• НОВИ КАЗНИ
Договорена е казна од пет секунди за помали прекршоци. Со Формула 1 тимовите ќе биде дискутирано во каква форма ќе се применува оваа казна, со цел оваа нова казна да се воведе за 2014 сезона.
• ДУПЛИ БОДОВИ НА ПОСЛЕДНАТА ТРКА ОД ШАМПИОНАТОТ
На последната трка од Формула 1 сезона Ќе бидат доделени дупло бодови во шампионатот на возачи и конструктори, измена воведена со цел да се зголеми фокусот на шампионатот до крајот на сезоната. Овие промени веднаш стапуваат во сила. Тоа значи дека следната година победникот на финалното Гран При во Абу Даби ќе добие 50 бода, второ пласираниот 36 бодови и така натаму до 10-место, т.е. сите освојувачи на бодови. Ако го примениме овој систем на бодови во последните неколку години, ќе се променеше исходот на шампионските титули од 2012 и 2008 година. Фернандо Алонсо и Фелипе Маса ќе ги имаа титулите на Себастијан Ветел и Луис Хамилтон. Но, сето ова е релативно со оглед ако го имавме ова правило, секако тие немаше да се задоволат со постигнатите места на тие трки.
ВОВЕДЕНИ НОВИ ПРАВИЛА ВО ФОРМУЛА 1
12/09/2013 08:43:00 PM
0
Tags
Share to other apps