ДА КОСТА И БУЕМИ РЕЗЕРВНИ И ТЕСТ ВОЗАЧИ НА РЕД БУЛ
Антонио Феликс да Коста и Себастијан Буеми денес се потврдени како тест и резервни возачи на Ред Бул Ф1 тимот за 2014 сезоната. Буеми ја има оваа улогата од почетокот на 2012 сезоната, а претходно две сезони возеше во Торо Росо. Португалецот, неодамна тестираше БМВ ДТМ автомобил, и претходно беше најавуван како најсериозен кандидат за возачко место во Торо Росо за следната сезона, но тоа му беше доделено на Дањил Квјат.
ЖАН ТОД СО ВТОР МАНДАТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИА
Жан Тод и официјално е ре-избран за втор мандат како претседател на ФИА на последниот ден од годишното генерално собрание што се одржува во Париз!!! Тоа се очекуваше, со оглед дека немаше против-кандидат на гласањето.
КРИСТИЈАН ХОРНЕР СО ОПТИМИЗАМ ЗА 2014 СЕЗОНАТА
"Успеавме да ги обезбедиме Шампионските Титули за 2013 сезоната релативно рано, што ни овозможи сите ресурси да ги фокусираме за развојот на РБ10, додека очигледно Ферари и Мерцедес АМГ се бореа едни со други за второто место. Се разбира дека работевме да го извлечеме лимитот на 2014 прописите. Покрај тоа, Адријан, никогаш не е познат по тоа што го започнува рано развојот на болидот за следната сезона. Тоа е токму истиот случај за РБ10."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.