Марк Вебер, кој потпиша за овој тим по напуштањето на Формула 1, ја доби првата шанса да го почуствува новиот тркачки автомобил на Порше - LMP1. Австралијанецот добил зелено светло од Ред Бул тимот да ги спроведе овие првични тестови, и покрај тоа што тој сеуште е под договор. Марк Вебер официјално ќе се приклучи на фабричкиот тим на Порше од 1 јануари 2014 година, како дел од возачката постава која ги вклучува уште и возачите Тимо Бернхард, Роман Дима и Нил Јани.
Марк Вебер ги искажа своите први импресии:
"Мојот прв ден во овој фасцинантен проект беше интензивно искуство за мене и јас би сакал да се заблагодарам на Ред Бул што ми даде можност да се приклучам на проектот толку рано. Ова е голем и важен чекор за сите нас. Ова ќе ми овозможи побрзо да се интегрирам со тимот и да придонесам за понатамошно развивање на LMP1 тркачкиот автомобил. Имаме долг пат да поминеме, што вклучува многу напорна работа. Немам заблуди околу овој проект."