Конечно го добивте трофејот за светскиот првак и вие сега сте и официјално Светски Шампион. Какво е чувството?
Да бидам искрен, не знам зошто се уште немам заплакано! Овој трофеј ми значи многу. Тоа е нешто толку посебено. Да ги видиш имињата што се изгравирани на него значи толку многу, а тука да го има и вашето име е неверојатно, на истото место со сите шампиони од 2000, 1990, 1980 и така натаму. Па тука е Михаел, Сена, Алан Џонс, а се разбира и Јохен од 1970 година. Тоа е многу посебно.
Гледајќи назад на сезоната, дали сте изненадени колку беше променлива вашата среќа и дали сте свесен дека секоја трка што ја победивте ви ги даде клучните поени кои ве направија Шампион?
Тоа не беше само секоја победа, тоа беше секоја трка. Имаше трки како Силверстоун, каде што очигледно немаше некоја особена надеж по првиот круг, но ние се враќавме во игра. Тоа покажува колку е важен секој момент од сезоната, па дури и ако сте во моментот разочарани со вашите резултати, на крајот на годината може да се види колку е важна секоја трка. Со новиот систем на поени, четири поени разлика би биле само два поени во рамките на стариот систем на бодување! Јас нема да го дадам лесно овој трофеј и ќе се обидам да го одбранам со сите сили и следната година.
По многубројните обврски по завршувањето на сезоната, го имате трофејот, па сега е на ред малку одмор?
Да, конечно!
Мислите дека е важно да имате малку време за одмор?
Да, сигурно. Очигледно е дека треба да се наполнат батериите за следната сезона. На почетокот на оваа сезона принтав постери од овој трофеј, бидејќи како спортист гледаш напред. Значи ова е многу, многу убав сувенир, и многу посебен, но секогаш со нетрпение го очекувам следниот чекор.
Кон крајот на оваа сезона во јавноста излезе дека во Унгарија се обидовте да му помогнете на Марк Вебер давајќи му предност на рестартот по безбедносното возило. Што можете да кажете за тоа сега на крајот од годината?
Па, мислам дека научив една лекција. Очигледно, како што може да се види од сликите, очигледно бев многу разочаран бидејќи работите не одеа според планот. Загубив победа...
Но, дали мислите дека луѓето не ја ценеа вашата улога на тоа каков тимски играч сте биле?
Јас сум тој што сум. Јас нема потреба да разговорам околу тоа. Јас не го сторив тоа цела година и немам намера сега да го почнувам тоа, не е време. На крајот, научив многу оваа година и она што е најзначајно е кога ќе се вратам, дома или во хотелската соба, да можам да се соочам со самиот себе во огледало и да знам точно што се случило. Мора да се разберете самите себе и длабоко во своето срце мора да знете што се случува.
Тоа е поважно од она што другите луѓе го мислат, пишуваат или велат. Не е возможно да им се задоволи на сите. Понекогаш работите може да се гледаат од еден поинаков агол, но се додека знаете што се случило, тоа е она најважното. Не сакам да држам било какви говори сега, затоа што тоа не го правев во текот на годината, и не е време сега да почнам.
Но, со искуството од оваа сезона, освојувајќи многу поени, но и многу малку поени на некои трки, вие сега сте подготвен за се што следува?
Да! Се надевам дека има уште многу повеќе да се постигне. Сакам да станам подобар возач и подобар човек, но мислам дека оваа година научив многу тешка лекција, но со многу сладок исход на крајот.