Мониша Калтенборн, тимскиот шеф на Заубер, изјави:
"Задоволни сме што бевме во можност да потпишеме договор со Адријан, особено што веќе подолго време ние сакавме да работиме заедно со него. Адријан веќе ја посети нашата фабриката на крајот на септември да ја погледне инфраструктурата со која располагаме. Адриан покрај тоа што е многу брз, има и многу искуство, што е многу важно поради новите прописи за следната година. Адриан е добредојден во Заубер Ф1 и со нетрпение очекуваме да имаме успешна соработка."Адриан Сутил, среќен и спремен да одговори на новиот предизвик:
"Многу сум среќен што најдовме заеднички јазик. Веќе подолго време знаев каде сакам да одам, но преговорите се одвиваа малку подолго од планираното, за на крај да се заврши се како што посакував. Сега ќе имам уште една причина за прослава во текот на Божиќните празници. Бев во контакт со Мониша подолго време и таа секогаш ми даваше чувство дека ги цени моите квалитети. По шест добри години во Форс Индија, со многу спомени, време е за нов предизвик. Јас сум решен да го одработам мојот дел, со цел да имаме успешна иднина со Заубер Ф1. Долгата и успешна традиција во мотоспортот, во комбинација со импресивната фабрика, која го има еден од најдобрите воздушни тунели во Ф1, беа фасцинантни за мене подолго време. Им благодарам на Петер Заубер и Мониша Калтенборн за нивната доверба во мене."