Француската медиумска организација Европа 1 објави дека тој бил однесен во болница со повреди на главата. Несреќата, наводно, се случила додека 44-годишниот германец бил на скијање во одморалиштето Meribel на Француските Алпи.
15.00 Update: Кога е во прашање Шуми, секогаш се дигала голема врева околу неговото име, и медиумите некогаш многу преувеличуваат, па така според најновите извештаи, неговите повреди не се толку сериозни како што се сметаше претходно. Со хеликоптер е однесен во болницата во Гренобл.
Christophe Gernignon-Lecomte, директорот на Meribel одморалиштето, за Монте Карло Спорт радио, изјави:
"Тој беше шокиран, малку потресен, но во свесна состојба. Може да биде повреда на главата, но не од многу сериозна природа. Тој носеше заштитна кацига, кога удри со главата во карпа."16.15 Update: Поранешната портпаролката на Шумахер, Сабине Кем, прва со официјално соопштение за несреќата:
"Михаел падна на главата за време скијање при приватно патување на француските Алпи. Тој беше однесен во болница и добива професионален медицински третман."
"Бараме разбирање, што ние не сме во можност да даваме континуирани информации за неговата здравствена состојба. Тој носеше заштитна кацига и не беше сам, но никој друг не беше вмешан во несреќата."Шумахер бил на скијање со пријателите, кога тој паднал, удирајќи со главата на карпа. Тој носел заштитна кацига, но сепак претрпел повреда на главата. Тој прво бил третиран на местото на настанот, а потоа однесен во локалната болница MOUTIERS, од каде што потоа со хеликоптер е префрлен во болницата во Гренобл.
Веднаш бил повикан и Проф. Gerard Saillant, близок пријател на Шумахер и неговиот поранешен Ферари тимскиот шеф Жан Тод. Saillant е познат експерт за повреди на мозокот и 'рбетниот столб.
Тој, исто така, го надгледуваше третманот на Шумахер по скршеницата на неговата нога на 1999 Британското ГП. Според вестите од италијански и Француски извори, повредата е доволно сериозна, но не постои закана по неговиот живот.
22:30 Update: Француски медиуми повикувајќи се на неименувани извори јавуваат дека попладнето неговата состојба се влошила и дека животот му е загрозен...
23:45 Update: Ова е изјавата од Универзитетската болница во Гренобл, која што потврди дека Шуми е во кома:
"Г-дин Шумахер беше примен во Универзитетската болница во Гренобл во 12:40 часот, по скијачката несреќа која се случи во Meribel во доцните утрински часови. Тој доживеа тешка повреда на главата со кома при пристигнувањето, која бара итна неврохируршка интервенција. Тој останува во критична ситуација."Болнички извори велат дека неговата сопруга, Корина, синот Мик, 14, со кого беше на скијање кога тој падна, и ќерката Џина-Марија се сите покрај неговиот кревет.
Михаел Шумахер се покажа борец на патеките, и се надеваме дека со истата упорност ќе се извлече од оваа ситуација... Му пожелуваме што побрзо закрепнување...
Прес-конференција за состојбата на Михаел Шумахер закажана за Понеделник во 11:00 часот во Гренобл.
30.12 11:15 Update: "Кога тој пристигна во нашата болница имаше сериозни повреди на мозокот и беше во кома. Тој и натаму останува во критична состојба. Тој веднаш беше опериран по првите скенови. Во моментот ние не сме во можност да прогнозираме во однос на иднината на Михаел Шумахер."
"Тој е во вештачки предивикана кома. Неговиот ситуација се смета за критична. Тој беше опериран само еднаш. Ние не сме во можност да зборуваме за последиците, само за тековниот третман што го превземаме. Ние работиме час по час."
"Неговата состојба се смета за крајно сериозна и тој е на интензивна нега. Ние работиме заедно и дење и ноќе, но премногу е рано во однос на прогнозата. Немаме намера да извршиме втора операција, ние не чувствуваме дека тоа е потребно во моментот."
31.12 12:45 Update:
Жаклин Хуберт, генералниот директор на болницата во Гренобл изјави:
"Синоќа(понеделник навечер) е спроведено ново скенирање на мозокот при кое можевме да видиме мало подобрување, што ни овозможи да им кажеме на семејството дека ќе бидеме во можност да направиме уште една хируршка интервенција за намалување на хематомот и таа хируршка интервенција се одржа во текот на ноќта. Новото скенирање кое беше спроведено утрово, вторник, покажува мали подобрувања, мали радиолошки подобрувања."Професор Жан-Франсоа Пајен, главниот анестезиолог, вели:
"На крајот од вчерашниот ден имавме подобрување на интракранијалниот притисок и бевме во можност да извршиме скенирање без превземање на непотребни ризици. Тоа скенирање покажа неколку параметри кои беа релативно стабилни, со други зборови, немаше знак дека има влошување на почетните легии. Во тој момент, по консултацијата со нашите неврохирурзи, земајќи во предвид дека неговата сосотојба малку се подобри, ние предложивме да се изврши хируршка интервенција што првично не беше планирана, со цел да се обидеме да го елиминираме интракранијалниот притисок."
"Операцијата беше спроведена во текот на ноќта, со релативно добра успешност. Утринава, на новите слики од скеновите бевме во можност да видиме дека хематомот е одстранет на многу коректен и многу задоволителен начин и ние сега имаме неколку параметри кои во моментов може да ни овозможат да се чувствуваме дека подобро ја контролираме неговата сосојба отколку што тоа беше случај вчера, понеделник."Професор Пајен потврди дека медицинскиот тим има намера да го задржи Шумахер во вештачки предизвиканата кома за да се олесни понатамошно лекување.
Емануел Геј, главниот невролог, кој ја извршил дво часовна операција во понеделникот ноќта, рече:
"Ова не беше хематомот, кој беше отстранет претходната ноќ, ова беше хематом кој всушност беше во самиот мозок, но сите параметри од минатата ноќ ни овозможија да го елиминираме и затоа заедно решивме да го направиме тоа, а во исто време да го намалиме и интракранијалниот притисок. На контролното скенирање кое беше направено утринава, се покажа дека нивото на интракранијалниот притисок е подобрено, но, исто така, покажа дека постојат и други легии на други делови на мозокот и сега тие легии се блиску надгледувани и следени. Во моментот, ние не можеме да прогнозираме нешто повеќе, ние продолжуваме со редовно час по час надгледување на ситуацијата, и тоа е се што ние може да каже за денес, вторник."1.1.2014 12:15 Update: Денес со изјава за медиумите се огласи Сабине Кем во која се вели дека здраствената состојбата во која се наоѓа Михаел Шумахер е "стабилна":
"Состојбата на Михаел во моментот се оценува како стабилна, а таква беше и во текот на ноќта. Во овој момент, бидејќи нема поголеми промени во неговата здравствена состојба, нема да има прес конференции се додека нема некоја позначителна промена."Шумахер веќе 4-ти ден се наоѓа во вештачка кома, на Универзитетската болница во Гренобл, каде е префрлен во неделата по несреќата која му се случи на скијање. Лекарите од неделата се борат за неговиот живот, а во меѓувреме му беа извршени две операции на мозокот.
2.1.2014 23:30 Update: Според најавеното од вчера, денес немаше никакви официјални прес конференции од Универзитетската болница во Гренобл, што значи дека здраствената состојба на Шумахер е непроменета. Семејството на Шумахер објави порака на неговата официјална веб-страница, заблагодарувајќи им на фановите за нивната поддршка и додавајќи - Ние сите знаеме дека тој е борец и нема да се откаже!!!
Од тимот на Ферари, на нивната ФБ страна беше објавено дека утре планираат да организираат тивко собирање на неговите фанови во Гренобл, за да се одбележи неговиот 45 роденден и да му се даде подршка за што побрзо заздравување.
"Во овие тешки денови и по повод неговиот роденден фан клубовите на Scuderia Ferrari сакаат да ја покажат својата поддршка за Михаел Шумахер, со организирање на тивок собир на сите фанови, кои облечени во црвено ќе ја изкажат својата подршка пред Универзитетската болница во Гренобл."4.1.2014 12:00 Update: Менаџментот на Михаел Шумахер, преку Сабине Кем, утринава излезе со официјално соопштение за медиуимите во кое повика дека шпекулативните извештаи за состојбата на седумкратниот Формула 1 Шампион треба да се занемарат:
"Состојбата на Михаел останува критична, но стабилна. Ние би сакале јасно да нагласиме дека било какви информации во врска со здравјето на Михаел кои не доаѓаат од лекарите задолжени за неговото лекување или од неговиот менаџмент мора да бидат третирани како неважечки и како чиста шпекулација."
"Во консултација со лекарите, не се очекува дека ќе има било каквa прес-конференција пред Понеделник. Да појасниме и околу камерата на кацигата од Михаел, таа беше доброволно дадена на истражните органи од страна на семејството. Шпекулациите дека тоа е направено спротивно на желбите на семејството се невистинити."
"Бараме да се почитува приватноста на семејството."6.1.2014 15:00 Update: Универзитетската болница во Гренобл денес издаде кратко писмено соопштени за јавноста во кое се потврдува дека здравствената состојба на Шумахер продолжува да се смета како "критична", но стабилна без поголеми подобрувања или влошувања.
Медицинскиот тим, исто така, јасно стави до знаење дека нема да има повеќе апдејти за Шумахер, туку само кога ќе има некоја промена и дека само нивните извештаи треба да се сметаат за валидни.
"За да се зачува приватноста на пациентите, ние не изнесуваме детали од нивните третмани, и тоа е причината зошто ние не планираме било какви прес-конференции, ниту пак ќе даваме писмени соопштенија, засега. Ние повторно инсистираме да ве замолиме да се држите до информациите дадени од страна на медицинскиот тим задолжен за пациентот или неговиот менаџмент, бидејќи тоа се единствените валидни извори на информации."Француските обвинители кои ја испитуваат скијачката несреќа пак денес потврдија дека ќе одржат прес-конференција во Албертвил во среда во 11:00 часот, околу нивните наоди за инцидентот. Иследниците се фокусираат на брзината со која што Шумахер се движел во моментот на несреќата, дали границите на скијачки патеки биле правилно обележани и дали карпата во која удрил е доволно блиску до патеката за да се употреби некој вид на заштита или предупредувачки знаци. На крај се испитува и безбедноста на скиите што ги изнајмил Шумахер, се во насока на утврдување на одговорноста за несреќата.
8.1.2014 13:00 Update: На закажаната за денес прес-конференција во Албертвил, главниот обвинител Патрик Кенси изјави дека истрагата "добро напредува" и дека е разговарано со повеќе сведоци на несреќата, како и со лекарите кои го лекуваат седумкратниот светски шампион, кој и понатаму останува во вештачки предизвикана кома во Универзитетската болница во Гренобл, веќе десет дена откако се случи скијачката несреќа.
Полицијата во Франција, има обврска, да спроведе истрага при секоја несреќа која се случува на скијање. Кенси, рекол дека секоја зима обвинителството со Албервил има околу 50 слични истраги и дека истрагата за несреќата на Шумахер не е покрената поради тоа што тој е јавна личност, туку поради тоа што тоа е нивна обврска.
"Шумахер се нашол на крстопат помеѓу патеките за понеискусни и искусни скијачи, а тој како искусен скијач ја следел потешката патека. Набргу потоа излегол надвор од неа, и по само поминати 3-6 метри неговата скија удрила во карпа, поради што тој паднал и со главата удрил во друга карпа, која се наоѓала на осум метри надвор од патеката, за на крај тој да застане на девет метри надвор од предвидената патека."
"Снимката од неговата кацига ни обезбеди многу информации, но само беа потврдени нашите првични заклучоци. Од снимката не може да се утврди со која брзина се движел Шумахер, но беше евидентно, дека кога ја напуштил патеката пробал да ја намали брзината, но поради поголемата косина не успеал во тоа бидејќи бил понесен од инерцијата во истиот правец во кој се движел. Снимката дополнително ќе се разгледа фрејм по фрејм од страна на еден од припадниците на жандармеријата, кој е и скијачки инструктор, за потоа да се направи конкретна реконструкција на инцидентот."
"Како што е добро познато, според Француските закони постојат норми т.е. стандарди кои се однесуваат на сигнализација, предупредувачки информации и така натаму и мора да напоменеме дека тие стандарди се испочитувани. Исто така, би ја исклучил можноста дека неисправни скии се причина за несреќата"Кенси нагласи дека слушнал, дека постои видео запис на несреќата, која ја снимил непосреден сведок, но дека истата не била доставена до обвинителството.
17.1.2014 17:00 Update: Сабине Кем, менаџерката на Шумахер, по 10 дена молк со ново официјално соопштение во кое ги повика неговите приврзаници да ги игнорираат шпекулациите од некои медиуми. Михаел Шумахер останува во медицински индуцирана кома во Универзитетската болница во Гренобл, а неговата здравствена состојба останува стабилна.
"За жал морам да повторам дека какви било информации во врска со здравјето на Михаел, кои не доаѓаат од лекарите задолжени за неговото лекување или од неговиот менџмент мора да се третираат како чиста шпекулација."
"Јас, исто така, мора да повторам дека неговото семејство е многу задоволно и има доверба во лекарскиот тим кој се грижи за Михаел, и тие им веруваат целосно. Здравствената состојба на Михаел се уште се смета како стабилна."29.1.2014 15:00 Update:Менаџерот на Михаел Шумахер Сабине Кем повторно со официјален демант на шпекулациите дека Шумахер ќе биде разбуден од вештачки предизвиканата кома, во која се наоѓа веќе месец дена..
"Јас уште еднаш ќе нагласам дека изјави за здравјето на Михаел, кои не потекнуваат од лекарскиот тим или неговиот менаџмент треба да се сметаат како шпекулација. Повторувам дека нема да коментираме за таквите шпекулации."30.1.2014 17:00 Update: Mенаџерскиот тим на Михаел Шумахер, по само еден изминат ден со ново официјално соопштение, во кое најавуваат чекори за негово будење од вештачки индицираната кома, процес кој би можел да трае долго.
"Седативите кои му се даваат на Михаел се намалуваат, со цел да се овозможи старт на процесот на будење кој може да трае долго време. За заштита на семејството, првично беше договорено од страна на заинтересираните страни да се издаде официјално соопштение кога тој процес ќе биде консолидиран. Семејството на Михаел Шумахер повторно бара да се почитува нивната приватност и медицинските тајни, и да не се попречува медицинскиот тим задолжен за Михаел во неговата работа. Во исто време, семејството сака да изрази искрена благодарност за поддршката која пристигнува од целиот свет."17.02.2014 15:00 Update: Истрагата за скијачката несреќа на Михаел Шумахер официјално е затворена. Патрик Квинси, обвинителот од Албертвил, човекот задолжен за истрагата, денес во официјално соопштени изјави дека ниту едно лице не е прогласно за виновно за каков било прекршок, а истрагата за причините и последиците од скијачката несреќа на Михаел Шумахер од 29 Декември е затворена на 12 Февруари.
Шумахер беше подложен на две операции и е во кома од несреќата. Лекарите од болницата во Гренобл каде Шумахер се лекува на крајот од минатиот месец соопштија дека почнуваат процес на будење кој може да трае долго.
Од тогаш нема нови соопштенија за здравствената состојбата на Михаел Шумахер.
12.03.2014 12:00 Update: Сабине Кем, менаџерката на Михаел Шумахер, издаде ново соопштение во кое се вели дека има охрабрувачки знаци во неговата здраствена состојба.
"Ние остануваме уверени дека Михаел ќе се извлече од ова и ќе се разбуди. Постојат мали, охрабрувачки знаци, но ние исто така знаеме дека ова е време да се биде многу трпелив. Михаел претрпе сериозни повреди. Многу е тешко да се разбере што Михаел, кој помина низ многу тешки ситуации во минатото, се повреди во толку банална ситуација. Од самиот почеток беше јасно дека ова ќе биде долга и тешка борба за Михаел. Ја поминуваме заеднички оваа борба со тим од доктори, во кои имаме целосна доверба. Времетраењето на таа борба не е важен дел за нас."
"Трогателно е да се види колкава подршка има неговото семејство и можам да кажам дека се крајно благодарни за тоа. Сепак, не треба да се заборави дека за семејството на Михаел ова е исклучително интимна и кревка ситуација. Јас би сакала да потсетам дека Михаел го држеше своето семејство далеку од очите на јавноста, за да се заштитени нивните приватни животи."
04.04.2014 12:00 Update: Сабине Кем, менаџерката на Михаел Шумахер, даде изјава за Германскиот весник Билд во кои ги демантира негативните извештаите по медиумите кои укажуваа на шансите за заздравување на седумкратниот Ф1 Шампион, како и шпекулациите дека неговата сопруга подготвува медицинска соба во нивниот дом во Швајцарија, каде што Шумахер би можело да го продолжи процесот на заздравување по сега повеќе од три месечната кома во болницата во Гренобл.
"Гласините дека Корина ја реновира нејзината куќа за да го земе наводно безнадежниот Михаел дома се апсолутно неосновани."Весникот додава дека во тек е градба на дополнителен простор во кој би претсојувал неговиот татко, Ролф Шумахер.
Кем, исто така, негираше дека Шумахер е во трајна вегетативна состојба, по три месеци откако тој удри со главата во карпа, додека скијаше на Француските Алпи.
"Михаел постигнува напредок во заздравувањето. Тој на моменти е свесен и буден. Ние сме заедно со него во текот на неговата долга и тешка борба, заедно со медицинскиот тим на болницата во Гренобл, и ние продолжуваме да бидеме уверени во негово закрепнување."
"Ние би сакале да ви се заблагодариме за континуираната подршка, а во исто време ние повторно бараме разбирање дека нема да откриваме детали од неговото лекување. Ова е неопходно за да се заштити приватноста на Михаел и неговото семејство, и да им овозможи на медицинскиот тим да работи во целосна смиреност."16.06.2014 Update: Михаел Шумахер веќе не е во кома и ја напушти болницата во Гренобл, ова е официјалната изјава на неговиот менаџер Сабине Кем. Михаел Шумахер беше во вештачки предизвикана кома во Универзитетската болница во Гренобл од крајот на декември, кога тој се здоби со сериозни повреди на главата во скијачка несреќа на француските Алпи.
Лекарите го започнаа неговото постепено будење од оваа сосотојба на крајот на Јануари и Сабине Кем денес со официјално соопштение за медиумите потврди дека тој сега е надвор од кома. Нема понатамошни детали за состојбата на Шумахер или каде ќе се продолжи со неговата рехабилитација по речиси шест месеци во Гренобл.
"Михаел ја напушти болницата во Гренобл за да продолжи со својата долга фаза на рехабилитација. Тој не е повеќе во кома. Неговото семејство би сакало експлицитно да се заблагодари на сите лекари, медицински сестри и терапевти во Гренобл, како и на екипажот за прва помош на местото на несреќата, кои направија одлична работа во тие први месеци."
"Семејството, исто така, сака да се заблагодари на сите луѓе кои испратија желби за брзо закрепнување на Михаел. Ние сме сигурни дека тоа му помогна. За во иднина бараме разбирање дека неговата понатамошна рехабилитација ќе се држи далеку од очите на јавноста."Според Дарси Кристен, портпарол на Универзитетската болница во Лозана, Михаел Шумахер утринава е примен во оваа установа во западниот дел на Швајцарија.
09.09.2014 Update: Сабине Кем, менаџерката на Михаел Шумахер, денес во официјално соопштение до медиумитe изјави дека седумкратниот шампион во Формула 1 ќе продолжи да се опоравува во неговиот дом по повредите од несреќата за време на скијање во минатата година. Во јуни, 45 годишниот Шумахер ја напушти француската болница каде шест месеци беше лечен од повредите на главата. Тој ја продолжи рехабилитацијата во болница во Швајцарија.
"Со оглед на сериозноста на неговите повреди, постoи напредок во изминатите недели и месеци. Постои уште место за напредок, но тоа е долг и мачен пат, no подготвени сме да издржиме. И во иднина неговата рехабилитација ќе се држи далеку од очите на јавноста, како би се избегнале непотребни шпекулации."
16.02.2016 Update: По подолго време, Сабине Кем, менаџерката на Михаел Шумахер, се појави во јавноста и даде изјава за медиумите во која се вели дека се надева дека "со континуирана поддршка и трпение" седумкратниот Формула 1 шампион "еден ден ќе биде со нас". Таа се појави на отворањето на изложба на сувенири од приватната колекција на Шумахер во Марбург, Германија.
"Тој е најуспешниот возач во историјата и, понекогаш, на денови како овој, добро е да се потсетиме на тоа. Се разбира, Михаел не е тука и се разбира, тој ни недостасува. Ние знаеме што се случи и тоа е нешто што не можеме да го промениме."
"Ние мора тоа да го прифатиме и да се надеваме дека со се што имаме, како и со континуирана поддршка и трпение еден ден тој ќе се врати меѓе нас. Трките беше неговиот живот и никој не би сакал да биде тука повеќе од него."