Од тимот на Форс Индија денеска официјално потврдија дека Нико Хулкенберг ќе се врати во овој тим, откако денес е потпишан повеќегодишен договор. 26-годишниот Германец возеше за Форс Индија во 2011 и 2012 година и ја познава работната етика, со што се верува дека ќе се обезбеди непречена транзиција во новата ера на Формула 1. Комплетната 2014 возачка постава на Форс Индија ќе биде објавена во догледно време.
Д-р Виџај Малја, тимскиот шеф и извршниот директор изјави: "Јас сум воодушевен што Нико се враќаназад во Форс Индија. Кога тој возеше за нас во 2012 година, стана јасно дека е исклучителен талент и тој продолжи да импресионира и со своите силни настапи оваа сезона. Враќањето на Нико е вистинска изјава за намери и огромен поттик за сите поврзани со тимот. Имаме и високи надежи и очекувања за 2014 година и со овој договор ние се ставивме во најдобра позиција да ги постигнеме овие цели и да уживаме во она што може да биде наша најконкурентна сезона досега."
Нико Хулкенберг: "Јас сум среќен што се враќам во Форс Индија. Тимот е со големи цели за следната година и верувам дека искуството што го имам стекнато во текот на годините ќе ни помогне да ги постигнеме овие цели. Навистина верувам дека можеме да имаме конкурентен болид во 2014 година. Исто така, слушнав многу позитивни работи во врска со моторот на Мерцедес, па мислам дека имаме многу причини да се биде возбуден околу следната година. Го познавам овој тим и јас можам да ја видам нивната решителност, тоа е добра екипа на луѓе и сите ние го делиме истиот глад за успех."
ОФИЦИЈАЛНО: НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ВО ФОРС ИНДИЈА
12/03/2013 06:10:00 PM
0
Share to other apps