Д-р Виџај Малија, тимскиот шеф на Форс Индија, вели:
"Големо задоволство е што го донесовме Серџо во тимот. Тој носи здрав микс на младост и искуство, и јас бев многу импресиониран со неговите неодамнешни настапи. Тој веќе има неколку пласмани на подиумот и неговиот избор од страна на Мекларен за минатата година беше јасен показател дека тој е возачот кој има иднина. Ние исто така, го цениме неверојатниот талент што го поседува Серџо и ние сме горди што го имаме во нашиот тим. Нашата работа е да бидеме сигурни дека тој брзо ќе се вклопи во нашиот тим, преку создавање на вистинска атмосфера, во која што тој ќе може да го реализира својот потенцијал. Со Серџо и Нико, ние влегуваме во новата сезона со исклучително конкурентен возачки тандем, кој ќе ни помогне да ги постигнеме нашите зацртани цели за новата сезона."Серџо Перез, задоволен од новиот тим:
"Убаво е што мојот нов тим е Сахара Форс Индија. Тоа беше мојот прв избор и јас сум навистина среќен што сега и официјално е потврдено. Сакам да им искажам благодарност на Виџај и целиот тим што ми ја дадоа оваа можност. Ова е млад тим со многу решителност и тие прават конкурентни болиди во последните неколку години. Со сите тие промени за следната сезона, јас веќе имам добро предчувство за 2014 година. Мојот план е да ја посетам фабриката и да ги запознаам сите членови на тимот."