Денес и официјално Вилијамс Ф1 објави дека потпишале нов мулти-годишен договор за партнерство со Бразилската мулти-национална енергетска компанија Петробрас.
Вилијамс и Петробрас претходно имаа соработка која траеше 11 години, со почеток од 1998 година, кога тимот почна да го користи Петробрас горивото. Со овој нов договор Вилијамс и Петробрас ќе соработуваат заедно за да се развие ново специјално мотоспортот гориво за употреба од страна на тимот со почеток од 2015 година.
Со новите прописи кои стапуваат во сила од оваа сезона, болидите ќе имаат потреба од поефикасни горива, а со експертизата на Петробрас потребите на Вилијамс болидот треба да бидат задоволени на високо ниво. Петробрас ќе го користи болидот на Вилијамс за своја поголема реклама преку поставување на своето лого странично на каросеријата на FW36 и на тимските комбинезони и галантерија.
Марија Фостер, претседателката на Петробрас, изјави: "Ние сме многу среќни што се враќаме во врвниот мотоспорт. Учеството во ова натпреварување е огромен предизвик, бидејќи тоа бара од нас да ги исполнуваме највисоките стандарди за квалитет и ефикасност. Ние сме многу возбудени што го започнуваме овој нов предизвик."
Сер Френк Вилијамс, основач и тимскиот шеф на Вилијамс: "Петробрас и Вилијамс имаа успешно партнерство предходно и ние со нетрпение го очекувме нашето повторно обединување за 2014 сезоната. Технолошки тие се многу силни и тоа ќе биде важно за тимот со новите прописи за горивото. Тие се амбициозна глобална компанија и ние исто така сме подготвени да работиме заедно за нивна поголема популарност во целиот свет."
ВИЛИЈАМС Ф1 ГО ПОТВРДИ ПАРТНЕРСТВОТО СО ПЕТРОБРАС
2/18/2014 03:28:00 PM
Share to other apps