Од Лотус Ф1 ја пропуштија првата тест сесија во Херез, за да бидат целосно подготвени за оваа тест сесија во Бахреин, но според прикажаното, проблемите на Рено погонската единица делуваат и на нивниот болид!!! Имаат на располагање осум тест дена за да се подготват за почетокот на новата сезона во Мелбурн на 16 март.
Ник Честер, техничкиот директор на Лотус Ф1, изјави:
"Ние единствени се решивме да одиме во иновативна насока, која што е поразлична од сите други тимови. Ние сме сигурни дека се е според правилата и прописите на ФИА за 2014 сезоната, а кога има толку многу варијации во дизајнот, секогаш постојат теми за разговор. Ние остануваме опуштени и фокусирани на нашиот дизајн и развој на болидот."