Долгата и успешна историја помеѓу двата партнери, за прв пат започна во 1995 година, кога Рено ги обезбедуваше своите легендарни V10 за Бенетон, како што тогаш се викаше овој тим. Веќе во првата година на соработка беше обезбедена Шампионската титула во конструктори. Подоцна,во 2002 година, овој тим беше купен од страна на Рено и се преименува во Рено Ф1.
Под закрилата на Рено, тимот повторно се појави како доминантна сила, и со Фернандо Алонсо беа освоени две Шампионски титули во 2005 и 2006 година. Во 2009 година од Рено одлучуваат да се повлечат од тимот и да се концентрираат само на снабдување на Ф1 тимови со нивните мотори. Тоа доведе до продажба на мнозинскиот пакет на акции на Genii Capital, а до крајот на 2010 година, оваа компанија ги докупи сите акции и стана 100% сопственик на тимот. Рено остана како снабдувач на тимот(подоцна преименуван во Лотус Ф1) со мотори, соработка која денес е продолжена и за во иднина.
Жан-Мишел Жалиње, претседателот на Рено Спорт Ф1, изјави:
"Задоволни сме што нашето партнерство и официјално е потврдено, со официјалното деби на E22 на втората тест сесија. Нашето партнерство само се засилуваше во текот на изминатите неколку години. Тоа е потврдено со многу блиската соработка на 2014 болидот, што е најкомплексниот болид од бил кој претходен. Се надеваме дека сме на вистинскиот пат и ќе напредуваме во новата Ф1 ера."Метју Картер, главниот извршен директор на Лотус Ф1:
"Лотус Ф1 и Рено Спорт Ф1 имаа успешно партнерство во последниве неколку години и ние со нетрпение очекуваме да продолжиме да ја надградуваме нашата соработка во 2014 година и потоа. Ова е почеток на една нова ера во Формула 1 и ние сме задоволни да го прифатиме Рено Спорт Ф1 како наш партнер."