Ферари со Фернандо Алонсо го имаше второто најбрзо време, победувајќи го Мерцедесот на Луис Хамилтон со брз круг во последните моменти од сесијата. Алонсо го предизвика првото црвено знаме на денот кога неговиот Ф14 Т при излегување од гаражата испушти бел чад, кој беше прдизвикан од течење на маслото од погонската единица.
Хамилтон заврши трет најбрз, а Магнусен со Мекларен го имаше четвртото најбрзо време. Се повтори сликата од последниот ден во Херез кога тимовите со Мерцедес погонска единица се сменуваат во поставувањето на најбрзите времиња, од тимовите со Ферари погонска единица, само Италијанците имаа продуктивен и брз ден. Тимовите со Рено погонска единица повторно со проблеми.
Конечно и Лотус Ф1 го презентираше новиот болид, а Роман Грожан прв го тестираше E22, но со ограничена програма, бидејќи тимските инженери и тие на Рено работеа на новата погонска единица.
Очигледно тоа не беше ден како што го планираа во Лотус и изјавија дека се чувствуваат фрустрирани што не можеле да извлечат повеќе заклучоци за однесувањето на новиот болид и сите различни елементи во него. Најголема главоболка им создавал акумулаторот на ЕРС-системот. Во текот на денот го промениле овој систем, но тоа не било нешто што може да се направи за брзо време.
Ред Бул и Торо Росо го поминаа претпладневниот дел од сесијата повеќе во своите гаражи отколку на патеката. Себастијан Ветел комплетираше само 14 круга и таман кога конечно почна да забележува поконкурентни времиња, неговиот болид повторно застана на патеката поради механички проблем.
Според Германецот, во Ред Бул ги решиле проблемите што им задаваа главоболки во Херез, но по неколку кругови се појавиле сосема нови проблеми. Во тимот се одвива напорна работа да се стави болидот во некој ред.
Робин Фријнс со Катерам денес го направи она што на сите други Рено придвижувани тимови не им успеа, да помине значителна километража. Неговиот Катерам комплетираше вкупно 68 круга, но беше повеќе од пет и пол секунди побавен од најбрзо време.
Непријатно изненадување приреди тимот на Вилијамс кој не успеа да постави мерено време и имаше само 5 инсталациски круга, поради проблеми со системот за гориво, кои за да се одстранат требало да се извади целата погонска единица.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:36.880 78
2. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.879 + 0.999 64
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.908 + 1.028 74
4. Кевин Магнусен Мекларен 1:38.295 + 1.415 81
5. Себастијан Ветел Ред Бул 1:40.224 + 3.344 14
6. Адријан Сутил Заубер 1:40.443 + 3.563 82
7. Робин Фријнс Катерам 1:42.534 + 5.654 68
8. Дањил Квјат Торо Росо 1:44.346 + 7.466 5
9. Роман Грожан Лотус 1:44.832 + 7.952 8
10. Фелипе Маса Вилијамс без поставено време 5
11. Жил Бјанки Марусија без поставено време 3