Магнусен беше најбрз на супер-меките гуми на Пирели, а неговото денешно време е за 1.5 секунда подобро од вчерашното време на Нико Хулкенберг со Форс Индија, забележано на истите гуми и повторно болидите со Мерцедес погонска единица доминираа на патеката. Нико Хулкенберг и Форс Индија имаа нов позитивен ден, задоволни се од напредокот што го остваруваат со равојот на болидот, и очекуваат дека со секое наредно излегување на патеката ќе бидат се побрзи и побрзи.
Фернандо Алонсо со Ферари продолжуваат со солиден настап и на вториот тест ден. Шпанецот го забележа третото најбрзо време и комплетира скоро 100 круга во F14T. Неговото време беше поставено на меките гуми на Пирели. Ферари се држеше до спроведување на нивната програма со мал фокус на поставување на брзи круга.
Нико Розберг, на неговиот прв ден во кокпитот на W05, беше четврти најбрз и покрај предизвиканите две црвени знамиња. Се тоа, поради проблеми со сензорите на болидот, т.е. ништо сериозно, па сесијата ја заврши со комплетирани 85 круга.
Вилијамс денес за цел имале тестирање на издржливоста на болидот, Аеро проценки и симулација на трка. По вчерашните проблеми со системот на гориво, предизвикани од скинат кабел, денот го завршија со добра километража, т.е. завршени 116 круга. Од Вилијамс велат дека со секое излегување на патеката се повеќе и повеќе се дознава за однесувањето на FW36.
Роман Грожан го заврши вториот тест ден, повторно со ограничено возење. Французинот за тоа го обвини Рено Спорт Ф1. Инженерите на двата тима напорно работеле на отклучување на потенцијалот на E22 и отсранување на различни софтверски и системски прашања. Комплетираа само 18 круга со најдобро време од 1:41.670. Утре болидот го превзема Пастор Малдонадо.
Роман Грожан:
"Ние комплетиравме неколку кругови и имаме уште многу работа. Ова беа фрустрирачки неколку дена, јас сакав да поминам што е можно повеќе километри, но барем научивме некои работи за болидот. Јас со нетрпение ќе го очекувам следниот тест, за да видам дали имаме постигнато некој напредок."
По проблемите во утринскиот дел од сесијата со телеметријата, Катерам повторно е тимот снабдуван со Рено ПЕ, кој комплетираше најмногу кругови на денот. За разлика од вчера, денот го завршија со релативно побрз круг, но знаеме дека постигнатите времиња не мора да значат ништо во овие тест сесии.
Себастијан Ветел комплетираше 59 кругови, а Ред Бул постепено започна да ги решава проблемите со издржливоста на РБ10, кои досега го попречуваа неговиот развојот. Тие го имаа најдобриот тест ден на изминати 6 тест дена, половина од 12-те расположиви.
Себастијан Ветел:
"Ова беше охрабрувачки ден за нас. Добро е да се провери болидот, да се провери издржливоста, но очигледно дека имаме уште многу работа. Беше добро што за прв пат вистински го почувствував болидот, кој се однесуваше добро, но во него има многу поголем потенцијал. Најважно беше да почнеме да возиме со болидот и тоа го направивме. Последните два дена беа многу корисни, и се надевам дека Даниел ќе може да извлече од него уште повеќе кругови."
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Кевин Магнусен Мекларен 1:34.910 46
2. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:36.445 + 1.535 59
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:36.516 + 1.606 97
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:36.965 + 2.055 85
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:37.328 + 2.418 116
6. Камуи Кобајаши Катерам 1:39.855 + 4.945 66
7. Себастијан Ветел Ред Бул 1:40.340 + 5.430 59
8. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:40.609 + 5.699 58
9. Естебан Гутиерес Заубер 1:40.717 + 5.807 55
10. Роман Грожан Лотус 1:41.670 + 6.760 18
11. Макс Чилтон Марусија 1:42.511 + 7.601 17