На стартот, Фелипе Маса ја задржа предноста на Пол позицијата, но неговиот колега го изгуби второто место од Розберг во првиот свиок, но успеа да го добие назад во следните свиоци. Зад нив Хамилтон имаше импресивен старт и стигна до петтото место од деветтата стартна позиција. На крајот од првиот круг успеа да го помине и Фернандо Алонсо за 4-тото место зад Розберг.
Светскиот Шампион, Себастијан Ветел, веднаш со проблеми и на почетокот на вториот круг забави драматично и на своите механичари им јави дека нема моќ во Рено ПЕ. Кога се чинеше дека трката за него е завршена, неговиот RB10 одеднаш се опорави, па неговиот тркачки инженер му кажа да ја продолжи трката. Но, веќе имаше еден круг заостанување зад останатите болиди. Подоцна имаше мал контакт со Естебан Гутиерез, па мораше во бокс по нов нос, за да конечно се откаже во 35-от круг. Даниел Рикиардо го потврди лошиот викенд на Ред Бул на својата патека, на стартот од петтата позиција се најде на осмото место, а од својот инженер беше информиран дека не може да го користи копчето за престигнување за време на целата трка. На крај успеа да го задржи тоа место и 4 нови поени.
Супер-меките гуми на Пирели забрзано се трошеа на болидите, па веќе во осмиот круг со Жан-Ерик Верн започнаа пит-стоповите. Од водечките прв за промена на своите гуми се одлучи Нико Розберг во 11-от круг, два круга подоцна тоа го направи и Луис Хамилтон, а веднаш по него и Фелипе Маса. Општо познато е дека тој што прв ќе влезе во бокс е во добитна прилика, па така Германецот успеа да избие на првото место. Лидерот до тој момент Фелипе Маса, по неговата промена на гуми излезе зад Розберг, но брзо беше поминат и од страна на Хамилтон.
Валтери Ботас имаше добар пит-стоп во 15-от круг и успеа да ги подели водечките болиди на Мерцедес АМГ. Редоследот во 16-от круг беше Серџо Перез, кој стартуваше на меки гуми и допрва требаше да влегува во бокс, следен од Розберг, Ботас, Хамилтон, Маса и Џенсон Батон, кој, исто така, започна на меките гуми од 11-тата стартна позиција. Во 27-от круг Розберг го помина Перез за првото место, а Мексиканецот не пружеше голем отпор, поради различната стратегија.Тоа го искористи и Ботас, но Хамилтон остана уште малку заглавен зад него, што му овозможи на Розберг да направи разлика од 2.4 секунди.
Перез за прв пат ги промени своите гуми во 29 круг, менувајќи повторно на меки гуми, за да се врати на седмото место. Следуваше мирен период на трката во очекување на вторите промени на гуми. Прв што реагираше беше Луис Хамилтон во 39 круг и се врати на петтото место. Розберг иако помина плус еден круг на патеката успеа да ја задржи својата предност во однос на Ботас и Хамилтон. Ботас реагираше последен во 41-от круг, кога Хамилтон успеа да го помине за второто место.
Фелипе Маса по менувањето на гуми во 43-от круг се најде зад Серџо Перез, кој беше на подолг стинт на неговиот втор сет на меки гуми. Зад Бразилецот беше Фернандо Алонсо кој менуваше гуми во 47-от круг. По вториот влез во боксовите, прашањето беше само дали Перез на 4-то место и Батон на 7-то би можеле да направат нешто повеќе при последниот стинт со супер-меките гуми. За жал, одговорот беше негативен. Перез само со шестото место, а Батон заврши зад Кими Раиконен на 10-тото место.
Хамилтон успеа да се доближи до Розберг под една секунда во последните три круга, а на двајцата возачи по радио им беше кажано дека може да користат се што имаат на располагање. Како пар помина низ возврат три Розберг осветлена неговата сопирачките. Во еден момент Розберг направи ситна грешка, но тоа го повтори и Хамилтон и шансата за претекнување ја снема.
Нико Розберг стигна до својата трета победа оваа сезона, со Хамилтон на второто место и Валтери Ботас последното трето скалило од Победничкиот подиум. Редоследот на денешната трка и генералниот пласман кај возачите и конструкторите по осмата трка го имате во приложената табела. За две недели, од 4-6 Јули, следува Британското Гран При.
Голема Награда на Австрија, Ред Бул Ринг
71 круга, 307.146км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч27:54.967
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 1,932
3. Валтери Ботас Вилијамс + 8,172
4. Фелипе Маса Вилијамс + 17.358
5. Фернандо Алонсо Ферари + 18.553
6. Серџо Перез Форс Индија + 28.546
7. Кевин Магнусен Мекларен + 32.031
8. Даниел Рикиардо Ред Бул + 43.522
9. Нико Хулкенберг Форс Индија + 44.137
10. Кими Раиконен Ферари + 47.777
11. Џенсон Батон Мекларен + 50.966
12. Пастор Малдонадо Лотус + 1 круг
13. Адријан Сутил Заубер + 1 круг
14. Роман Грожан Лотус + 1 круг
15. Жил Бјанки Марусија + 2 круга
16. Камуи Кобајаши Катерам + 2 круга
17. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
18. Маркус Ериксон Катерам + 2 круга
19. Естебан Гутиерес Заубер + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Серџо Перез - 1:12.142
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Жан-Ерик Верн Торо Росо 60
Себастијан Ветел Ред Бул 35
Дањил Квјат Торо Росо 25
Генерален пласман по 8 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 165 1. Мерцедес АМГ 301
2. Луис Хамилтон 136 2. Ред Бул 143
3. Даниел Рикиардо 83 3. Ферари 98
4. Фернандо Алонсо 79 4. Форс Индија 87
5. Себастијан Ветел 60 5. Вилијамс 85
6. Нико Хулкенберг 59 6. Мекларен 72
7. Валтери Ботас 55 7. Торо Росо 12
8. Џенсон Батон 43 8. Лотус 8
9. Фелипе Маса 30 9. Марусија 2
10. Кевин Магнусен 29
11. Серџо Перез 28
12. Кими Раиконен 19
13. Роман Грожан 8
14. Жан-Ерик Верн 8
15. Дањил Квјат 4
16. Жил Бјанки 2