Доминацијата на Мерцедес АМГ продолжува!!!
Луис Хамилтон со домининантна Победа на првата трка од 2015 сезоната, ја започна одбраната на Шампионската Титула. Во нити еден момент од трката не беше предизвикан од својот тимски колега, Нико Розберг кој финишираше на второто место. Иако забележаа нова 1-2 Победа дуото на Мерцедес АМГ, беше најмалку прикажано на ТВ екраните, потврдувајќи дека нема никаков интерес за таква борба на врвот.
Интересното од оваа трка се случуваше позади нив, а третото скалило на подиумот му припадна на дебитантот во Ферари, четирикратниот Шампион, Себастијан Ветел, победувајќи го Фелипе Маса за некои четири секунди. Нивната борба беше добиена преку пит-стоповите, каде Вилијамс се однесува како руки тим, и ги чини своите возачи многу.
За да не останат покусо и од Ферари, покрај големата грешката при првото застанување на Кими Раиконен, во второто успеаа да го пуштат без да го заштрафат левото задно тркало и трката за него беше завршена. Тим кој сака да атакува на висок пласман не смее да си дозволи вакви грешки во иднина.
Денот започна со соопштението на Вилијамс, еден час пред стартот на трката, дека Валтери Ботас не е во можност да учествува поради здобиената повреда на грбот за време на вчерашните квалификации. Одлуката била донесена од официјалното медицинско лице на ФИА. Така Вилијамс остана со еден болид на патеката, бидејќи според правилата резервните возачи не може да се појават на трка, ако не учествувале на квалификациите.
Како што се ближеше почетокот, така се зголемуваа откажувањата, кога болидите на Кевин Магнусен и Дањил Квјат се реасипаа движејќи се кон стартниот грид. Мекларен имаше проблеми со ПЕ, додека Ред Булот со менувачот.
На стартот од трката, Луис Хамилтон комотно го задржа првото место, пред Нико Розберг и Фелипе Маса. Дуото на Ферари, Себастијан Ветел и Кими Раиконен имаа остра борба што резултираше со несакано намалување на брзината на Финецот. Тоа резултираше со допир на Ферарито со забрзаниот до максимум Фелипе Наср со Заубер, по што следуваше негов судир во задниот дел на болидот на Пастор Малдонадо. Венецуелскиот возачот изгуби контрола и заврши во бариерите покрај патеката.
Неговиот тимски колега, Роман Грожан во вториот болид на Лотус, го паркираше својот E23 во гаражата, непосредно пред излегувањето на безбедносното возило. Останаа само тринаесет болиди на патеката.
Кога безбедносното возило се врати во боксот, Хамилтон повторно ја задржа контролата врз трката, брзо градејќи предност од над две секунди пред Нико Розберг. Маса се одржа на третото место пред Ветел, додека дебитантот во болидот на Заубер, Фелипе Наср, имаше одличен старт и од десеттата стартна позиција стигна до петтото место.
Единствениот болид на Ред Бул, со Даниел Рикиардо беше шести пред Карлос Саинц, кој ја задржа неговата почетна позиција на седмото место. Раиконен падна на осмото место по неговиот незгоден старт на трката, а на последните две места кои носеа поени беа Макс Ферстапен и Нико Хулкенберг.
За разлика од минатата сезона кога Ферари тешко можеше да напредува, сега Кими Раиконен наскоро го престигна Саинц и почна да го брка Рикиардо, кој не го даваше лесно своето место. Па, така, Финецот се одлучи да замине прв на промена на гумите. Големи проблеми за механицарите на Ферари со задното лево тркало, што значително го продолжи пит-стоп застанувањето. Тој се врати на 11-тото место.
Следниот возач кој влезе во бокс за промена на гуми беше Фелипе Маса, и повторно механичарите на Вилијамс не беа на потребното ниво, што подоцна се покажа решавачки за да му го препушти третото место на Себастијан Ветел, по комплетираните пит стопови на сите возачи. Карлос Саинц ЈР. беше меѓу возачите што имаше катастрофално пит-стоп застанување, при што се најде на предпоследното 12-то место.
На водечките две места без поголеми драматики, Луис си го контролише Нико Розберг, како сака, на која далечина сака без поголеми проблеми. Да се надеваме дека ова беше само еден лош ден за Германецот, бидејќи ако продолжи вака Луис нема да го има ни едниот можен конкурент за Шампинската Титула, а полошо и Победите на тркачките викенди. Лесно може да биде 20 од 20 за Британецот!!!
Кими Раиконен беше најзафатениот возач на патеката со најмногу престигувања и почетни два стинта на меките гуми, па речиси леташе по патеката напредувајќи место по место нагоре без поголеми проблеми, започнувајќи да го стигнува и Фелипе Маса на четвртото место.
Друг кој напредуваше низ гридот беше Макс Ферстапен, но она што се чинеше дека ќе биде деби какво што се посакува за младиот Холанѓанец беше прекинато во 32-от круг кога откажа ПЕ на Рено која ги придвижува и болидите на Торо Росо. Тоа ги донесе Маркус Ериксон на деветтото и Перез на десеттото место.
Кими Раиконен повторно мораше во бокс во 40-от круг, да ги смени меките со медиум гумите на Пирели за последниот стинт од трката. Механичарите на Ферари повторно со грешно монтирање на задното лево тркало, т.е. не успеаа да го заштрафат, што значеше и крај на трката за него.
Откажувањето на Финецот значеше петто место за Наср, пред Рикиардо, Хулкенберг, Ериксон, Саинц ЈР. и Перез. Овој редослед се задржа до самиот финиш на трката, кој помина без некои моменти за одбележување. Единствено немаше поени за Џенсон Батон, кој успеа да го донесе својот Мекларен до самиот финиш на трката, заврши голема работа, но без награда за ова постигнување. Жалосно беше да се гледа измачувањето на Шампионот низ целата трка. Хонда мора под итно да поработи го реши проблемот со издрживоста на својата ПЕ, на која верувам дека не и недостасува моќност.
Со тоа, Луис Хамилтон ја забележа својата 34-та Победа во кариерата, а Нико Розберг се погрижи за нова 1-2 Победа за Сребрените Стрели. Следниот настан од 2015 календарот е трката за Големата Награда на Малезија, која ќе се одржи на патеката Сепанг на 29 Март.
Голема награда на Австралија, Алберт Парк, Мелбурн.
58 круга, 307.574км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч31:54.067
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1.360
3. Себастијан Ветел Ферари + 34.523
4. Фелипе Маса Вилијамс + 38.196
5. Фелипе Наср Заубер + 1:35.149
6. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1 круг
7. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
8. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
9. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
10. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
11. Џенсон Батон Мекларен + 2 круга
Најбрз круг: Л. Хамилтон - 1:30.945(2014/1:32.478)
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Кими Раиконен Ферари 41
Макс Ферстапен Торо Росо 33
Роман Грожан Лотус 2
Пастор Малдонадо Лотус 1
Кевин Магнусен Мекларен не стартуваше
Дањил Квјат Ред Бул не стартуваше
Валтери Ботас Вилијамс не стартуваше
Вил Стивенс Манор не се квалификува
Роберто Мери Манор не се квалификува
Генерален Пласман по 1-та трка:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 25 1. Мерцедес АМГ 43
2. Нико Розберг 18 2. Ферари 15
3. Себастијан Ветел 15 3. Заубер 14
4. Фелипе Маса 12 4. Вилијамс 12
5. Фелипе Наср 10 5. Ред Бул 8
6. Даниел Рикиардо 8 6. Форс Индија 7
7. Нико Хулкенберг 6 7. Торо Росо 2
8. Маркус Ериксон 4
9. Карлос Саинц ЈР. 2
10. Серџо Перез 1