По најновите анкети од родната Германија, Себастијан Ветел, четирикратниот Формула 1 Шампион вели дека е загрижен за иднината на спортот. Имено, минатата неделата во неговата татковина рејтингот на Големата награда на Канада бил помал од фудбалски натпревар помеѓу Германија и Брегот на Слоновата Коска во рамките на групната фаза од Светското Првенство за жени, кое исто така се одржува во Канада.
Но, не се само ТВ рејтинзите кои се намалуваат. Себастијан за Германскиот весник Спорт Билд вели дека најдобар показател се и гледачите на патеката, кои не се во голем број како што порано беа.
Тоа беше и една од причините што унијата на Ф1 возачите, на која Ветел е директор, да нарача глобална онлајн анкета, која сега е затвршена, во која се бараше од фановите да ги кажат своите мислења за Ф1. Тој рече дека резултатите ќе бидат доставени до ФИА и Берни Еклстоун.
Ветел изјави дека тој и понатаму е голем обожавател на Формула 1, но е загрижен дека трките "станаа премногу комплицирани" за фановите:
"Јас се прашувам како некој може да го следи Ф1 Шампионатот, ако не е вклучен/запознаен со случувањата секој ден од седмицата, како што сум јас. Но, можеби најважна причина е и цената на билетите, едноставно тие се премногу скапи. Како може едно просечно семејство да си дозволи да отиде да гледа трка?
Понатака Ветел вели дека ако би било се до него, тој ќе ги направи Ф1 болидите побрзи, без разлика дали тоа е преку поголема потисна моќ или сила на моторите или пак подобри гуми. Мора да биде предизвик да се скротат овие "ѕверови" од болиди."
ВЕТЕЛ: Ф1 БИЛЕТИТЕ СЕ ПРЕСКАПИ
6/12/2015 11:54:00 AM
0
Share to other apps