Првите тројца возачи, Хамилтон, Розберг и Ботас имаа стратегија од само едно застанување во боксот за промена на Пирели гумите, а Кими Раиконен, кој трката ја заврши на четвртото место, беше највисоко пласиран возач кој користеше стратегија од два пит-стопа. Истата стратегија ја користеше и неговиот тимски колега, Себастијан Ветел, кој со старт од 18-тата позиција имаше импресивна трка и на крајот стигна до 5-тото место. Оваа нивна стратегија им овозможи поставување на импресивни времиња, па нормално е што најбзиот круг на трката му припадна на Финецот во болидот на Ферари. На оваа трка голем број на возачи стартуваа од за нив невообичаено ниски позиции на гридот, вклучувајќи ги и Себастијан Ветел со Ферари и Фелипе Маса со Вилијамс. Бразилецот по стартот од 15-тата позиција, стигна до 6-тото место.
На патеката Жил Вилнев, трошењето и деградацијата на гумите на Пирели беше на исклучително ниско ниво, што им овозможи само по едно застанување во бокс на поголемиот дел од Ф1 тимовите. За фановите тоа значеше досадна трка за првите места, но многу претекнувања на преостанатите позиции. За две недели следува трката за Големата Награда на Австрија.
Голема Награда на Канада, Монтреал
70 круга, 305.270км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1h31m53.145
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 2.285
3. Валтери Ботас Вилијамс + 40.666
4. Кими Раиконен Ферари + 45.625
5. Себастијан Ветел Ферари + 49.903
6. Фелипе Маса Вилијамс + 56.381
7. Пастор Малдонадо Лотус + 1:06.664
8. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
9. Дањил Квјат Ред Бул + 1 круг
10. Роман Грожан Лотус + 1 круг
11. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
12. Карлос Саинц ЈР. Торо Рос + 1 круг
13. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1 круг
14. Маркус Ерисон Заубер + 1 круг
15. Макс Ферстапен Торо Росо + 1 круг
16. Фелипе Наср Заубер + 2 круга
17. Вил Стивенс Манор + 4 круга
2014 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1ч39:12.830
НАЈБРЗ КРУГ: Кими Раиконен - 1:16.987
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Роберто Мери Манор 61
Џенсон Батон Мекларен 56
Фернандо Алонсо Мекларен 46
Генерален пласман по 7 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Л.Хамилтон 151 1. Мерцедес АМГ 285
2. Н.Розберг 134 2. Ферари 180
3. С.Ветел 108 3. Вилијамс 104
4. К.Раиконен 72 4. Ред Бул 54
5. В.Ботас 57 5. Лотус 23
6. Ф.Маса 47 6. Заубер 21
7. Д.Рикардо 35 7. Форс Индија 21
8. Д.Квјат 19 8. Торо Росо 15
9. Р.Грожан 17 9. Мекларен 4
10. Ф.Наср 16
11. С.Перез 11
12. Н.Хулкенберг 10
13. К.Саинц ЈР. 9
14. М.Ферстапен 6
15. П.Малдонадо 6
16. М.Ериксон 5
17. Џ.Батон 4