Грид девојките на Ред Бул Ринг се познати како Formula Unas!!!
1. Стирија е втор по големина од деветте региони на Сојузна Република Австрија. Главен град е Грац. Највисоката планина е Dachstein (2.995 м), Mur е најдолгата река, Пантер со пламено дишење кој стои на задните нозе е грбот на овој регион [огнот првично се појавувал од другите отвори на телото, но било наредено да се промени во 1926 година врз основа на вулгарност].
2. Секој локален жител ќе ви каже дека Стирија е срцето и душата на Австрија, и изгледа слично како обликот на цела Австрија на мапата, но свртена однопаку. Најубавите Австриски пејзажи може да се најдат во Стирија, од прекрасни глечери до пулсирачки градови.
3. Светец-заштитник е надвојводата Јохан, а неговиот јодл е неофицијална химна на Стирија. Иако, најверојатно нити еден жив жител на овој регион се нема сретна со оваа благородна личност од Хабсбург, секој чувствува блиска поврзаност. Тоа е така затоа што надвојводата Јохан направил многу добри нешта за Стирија, но пред сè, бидејќи тој им внел самодоверба при вечното ривалство со главниот град, Виена. Тој сеуште е многу ценет во Стирија!
4. Животот не е комплетен без масло од семки од тиква. Овој Стириски специјалитет, кој е направен од печени семки од тиква од јужниот дел на регионот, има темно зелена боја и налудничава арома. Маслото има фантастичен вкус и е премногу здраво за исхрана, поради неговите незаситени масни киселини. Само немојте да направите грешка и да користите премалку од истото! Салатата треба да плива во него.
5. Стирија е земја на автомобилите. Гордата историја на регионот се движи од малиот Puch 500 до Г-класата, прво на Puch, па потоа на Мерцедес. Фабриките Магна произведуваат автомобилски делови за најдобрите произведувачи на автомобили во светот. Стириската автомобилската индустрија претставува кластер на врвни меѓународни добавувачи, како што се Pankl Racing Systems и AVL List, без кои светот на мотоспортот, би бил побавен.
6. Жителите на овој регион се горди на својот локален дијалект, кој е познат по честата употребата на самогласката 'у' , кој останатите жители на Австрија погрдно го нарекуваат "лаење". На пример, популарното име на Ханс станува Хаунс во Стирија, додека Фрони станува Фроуни.
7. Тркачката легенда, Јохан Ринт беше Стиријанец. Тој е роден во Германија, но мудро "решил" да емигрира, уште како бебе во Грац, каде што ќе ја развие љубовта кон овој регион. Всушност, постојат голем број на супербрзи луѓе од Стирија, вклучувајќи го победникот на Ле Ман, Хелмут Марко, Red Bull Air Race шампионот, Ханес Арх, Супербајк легендата Анди Меклау и возачот во суперкупот на Порше, Клаус Бахлер.
8. Стирија е “зелен” регион, со околу 61% пошумени делови. Заедно со сеприсутната смрека и временски отпорниот Ариш, тука е и особено важниот Швајцарски бор, кој расте многу бавно на надморска височина до 1800 метри. Овие борови се познати по својот карактеристичен мирис, кој трае и по неколку децении. Затоа, Победникот на трката за Големата награда на Австрија добива победнички трофеј кој е направен од овој вид на бор.
9. Стирија е земја на уметноста и културата. На пример, "Steirische Herbst”, е најстариот Европски фестивалот за современа уметност. Постојат повеќе познати музичари, актери, писатели, поети. За нас најпознати би бил Арнолд Шварценегер.
10. Стирија е регион каде се ископува железна руда повеќе од 1300 години. Според легендата првиот рудник Erzberg бил направен од страна на затворен тритон, кој за возврат за својата слобода, на жителите им ветил избор на злато за десет години, сребро за сто години или железна руда засекогаш. Стиријанците направиле мудар избор.