Идејата
за промена на форматот на квалификациите не е нова и дојде по предлог
од ФИА се со цел да да се зголеми непредвидливоста на истите. Се
настојувало да биде едночасовна сесија каде на одредено време би
испаѓале најбавните возачи, но за Телевизиите кои пренесуваат Ф1 тоа
било неприфатливо, бидејќи ќе немале простор за реклами. Затоа повторно
ќе имаме 3 пооделни сесии, Q1, Q2 и Q3 како и досега, но со променет
формат на испаѓање.
Q1 ќе трае 16 минути
- Најбавниот возач ќе биде елиминиран по седум минути,
- После тоа испаѓа по еден возач на секои 90 секунди,
- Отпаѓаат вкупно 7 возачи.
Q2 ќе трае 15 минути
- Најбавниот возач ќе биде елиминиран по шест минути,
- После тоа испаѓа по еден возач на секои 90 секунди,
- Остануваат 8 возачи за пласман во Q3.
Q3 ќе трае 14 минути
- Најбавниот возач ќе биде елиминиран по пет минути,
- После тоа испаѓа по еден возач на секои 90 секунди, додека не останат двајца возачи
во финална борба за Пол позицијата.
Вреди
да се напомене дека конечна елиминација во секоја од сесиите ќе се
случува по поминување на целната линија, а не кога ќе истекуваат
временските периоди.
2016 СЕЗОНАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО НОВ КВАЛИФИКАЦИСКИ ФОРМАТ
3/07/2016 07:32:00 PM
0
Share to other apps

