По почетниот судир на тимските колеги на Ферари се веќе тргна наопаку за нив, комбинирано со нивната стратегија. Иако, оваа патека одговараше на Мерцедес ПЕ, очекувавме многу повеќе од Италијанците, па така веќе по три трки Мерцедес АМГ можеме да го прогласиме за Шампиони во двете конкуренции. Драматична трка, но само поради хаосот позади првото место, а се тоа треба да се случува за Победа на трката.
Хаотичниот старт предизвикан од судирот на двата болиди на Ферари, го донесе Даниел Рикиардо пред Розберг, а Данил Квјат веднаш зад него. Младиот Русин изведе многу рискантен потег обидувајќи се да го претекне Ветел од внатрешната страна на првиот свиок, кој изненаден од брзината со која тој влета, се тргна на лево да одбегне судир со него, но заврши во болидот на својот тимски колега.
Кими Раиконен го изгуби предното крило, кое остана на патеката и предизвика верижна реакција на избегнувачки маневри во кој не се снајде најдобро Луис Хамилтон кој налета на Зауберот на Фелипе Наср, и исто како и Раиконен остана без предно крило. Финецот и Хамилтон мораа во бокс.
Првото место на Рикиардо кратко траеше поради дупната задна лева гума на неговиот болид во четвртиот круг, подарувајќи му ја водечката позиција на Розберг и влегување на безбедносното возило за да се исчистат сите остатоци од асфалтот.
Кога трката беше рестатирана, Розберг исчезна во далечината, лесно стигнувајќи до третата последователна Победа оваа сезона, а Ветел, Хамилтон, Рикиардо и Раиконен почнаа да паѓаат назад низ поредокот.
И покрај скршено предното крило, Ветел успеа да се пробие до второто место, поминувајќи го Квјат во завршната фаза од трката. Даниел Рикардо успеа да напредува до четвртото место, пред Раиконен на петтото место.
Стратегиски ова беше најпроменливата трка за секој возач, кое Фелипе Маса го искористи да стигне до шестото место, задржувајќи го истото пред силните налети на Луис Хамилтон, кој иако се обидуваше со сите сили и начини не успеа да го помине Вилијамсот.
Неговиот болид по почетниот судир имал оштетување на подот, што предизвикало нарушување на неговата аеродинамика и намалување на потисната сила, а со тоа и продолжување на линијата на сопирање на местата каде треба да се претекнува.
Неверојатно, и покрај сите контакти, немаше откажување на нити еден болид, иако Грожан по радио врската го посакуваше тоа од своите инженери, разочаран од лошото однесување на болидот на Хас во оваа трка. За две недели следува трка за Големата Награда на Русија во Сочи.
Голема награда на Кина, Шангај.
56 круга, 305.066км., Време: Суво.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч38:53.891
2. Себастијан Ветел Ферари + 37.776
3. Дањил Квјат Ред Бул + 45.936
4. Даниел Рикиардо Ред Бул + 52.688
5. Кими Раиконен Ферари + 1:05.872
6. Фелипе Маса Вилијамс + 1:15.511
7. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 1:18.230
8. Макс Ферстапен Торо Росо + 1:19.268
9. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1:24.127
10. Валтери Ботас Вилијамс + 1:26.192
11. Серџо Перез Форс Индија + 1:34.283
12. Фернандо Алонсо Мекларен + 1:37.253
13. Џенсон Батон Мекларен + 1:41.990
14. Естебан Гутиерез Хас + 1 круг
15. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
16. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
17. Кевин Магнусен Рено + 1 круг
18. Паскал Верлајн Манор + 1 круг
19. Роман Грожан Хас + 1 круг
20. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
21. Рио Харјанто Хас + 1 круг
22. Џолион Палмер Рено + 1 круг
Најбрз круг: Нико Хулкенберг - 1:39.824
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
/
Генерален Пласман по 3-та трка:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 75 1. Мерцедес АМГ 114
2. Луис Хамилтон 39 2. Ферари 61
3. Даниел Рикиардо 36 3. Ред Бул 51
4. Себастијан Ветел 33 4. Вилијамс 29
5. Кими Раиконен 28 5. Хас 18
6. Фелипе Маса 22 6. Торо Росо 17
7. Данил Квјат 21 7. Форс Индија 6
8. Роман Грожан 18 8. Мекларен 1
9. Макс Ферстапен 13
10. Валтери Ботас 7
11. Нико Хулкенберг 6
12. Карлос Саинц ЈР. 4
13. Штофел Вандорн 1



