По најавите дека оваа сезона Ферари ќе конкурира на Мерцедес АМГ во борбата за највисокото место на табелата, првите три трки од 2016 сезоната ни покажаа дека сеуште заостануваат зад сребрените стрели, помалку во трка, но релативно многу во квалификационите сесии. Освојување на Пол позиција е далеку од остварливо, речиси невозможно. Џонатан Нобл, познат аналитичар на Формула 1, вели дека во Ферари размислуваат за трошење на уште 3 токени од преостанатите девет, за надградба на својата ПЕ веќе од трката во Русија. Тоа би значело дека Ферари ќе го употреби третиот мотор од пет дозволени во цела сезона.
Неговите извори во Италијанскиот тим откриле дека Ферари го отклучил целосниот потенцијал на динамометарот, и дека се подготвени да потрошат три од преостанатите девет развојни токени за подобрување на моторот и во пракса. Се смета дека и Себастијан Ветел и Кими Раиконен ќе добијат нови мотори, ако тимот одлучи да продолжи со својот план.
Иако се чини чудно да се биде на третиот мотор од пет дозволени толку рано во сезоната, но во пракса, системот на ротација би требало да ги неутрализира овие недостатоци. 30-40 проценти од километражата на моторот се врши на тренинг сесиите, каде што Ферари може да ги користи ПЕ со постарата спецификација. Исто така, на трките во Монако и Сингапур, каде не е се до силината на ПЕ, користењето на новите ПЕ не би било од суштинско значење. Сепак, некористење на новата ПЕ на трениг има и слаба точка, бидејќи ако би се појавиле потенцијални проблеми би било со далеку поголеми последици.
Од друга страна, на патеката во Русија е важно да се има целосната сила на ПЕ, благодарение на долгите правци, и затоа во Ферари сметаат дека може да се побрза со воведувањето на новата ПЕ. Навестувањето на овој развој на настаните тој го гледа и во изјавата на Серџо Маркионе, Претседателот на Ферари, дадена за време на тркачкиот викенд во Кина.
"Работите се движат во вистинската насока. Ние си поставивме големи цели, но ние мора да го учиме однесувањето на комплетно новиот болид во од, па грешките се разбирливи. И покрај сè што можеше да се освои во Австралија, во принцип јас сум задоволен од напредокот. Но, ние имаме многу работа пред нас и ќе го забрзаме развојот со нови надградби. Исто така, знаеме дека и Мерцедес АМГ нема да престане да се развива, така што немаме илузии дека тие ќе бидат лесно победени."
ФЕРАРИ СО ТРЕТА ОД ПЕТ ДОЗВОЛЕНИ ПЕ, НО СО ПОЛНА СИЛА ВО РУСИЈА?!?
4/22/2016 02:06:00 PM
0
Share to other apps

