Според Хелмут Марко, Ред Бул ќе изгуби околу 1,2 секунди на долгите правци од Баку уличната патека, поради дефицитот во конски сили на Рено ПЕ. Инаугуративната Ф1 трка во Азербејџан ќе се одржи на втората најдолга патека во календарот со правци од 2.253 километри и вкупна должина од 6.003 км. Рено направија чекор напред со својата ПЕ, а најновата надградба им донесла добивка од околу 0.5 секунди по круг.
Но, Марко е песимист во пресрет на Европското Гран При велејќи: "Исклучително долгите правци нема да ни одговараат. Нашите компјутерски симулации покажаа дека ние ќе изгубиме 1.2 секунди по круг. Тоа е речиси невозможно да се поправи во свиоците, иако имаме одличен болид. Но, и покрај овој податок се надевам дека ќе го бркаме Мерцедес АМГ, но дека ќе бидеме на исто ниво со Ферари на 6 километарската улична патека."
Размислувајќи за Големата награда на Канада, Марко жали што Даниел Рикиардо и Макс Ферстапен беа погодени од ладното време, па нивните гуми никако не можеле да ја постигнат оптималната работна температура.
"Tрката на Рикиардо беше "уништена" од страна на виртуелното безбедносно возило, кога тој беше блиску до претекнување на својот тимски колега. Тимот го советуваше Макс да не го задржува Дани, побрзиот наш болид во тој момент."
Но, не се случи промена на местата, што од тимскиот шеф Кристијан Хорнер беше оценето како правилно, бидејќи Ферстапен започна да се оддалечува од Рикиардо по завршување на периодот на виртуелното безбедносно возило.
На крајот од трката Ферстапен заврши на четвртото место, додека Рикиардо не се врати во трката и остана само со седмото место.
"Одбрана против Розберг секако беше белег на трката. Тој не можеше да го направи тоа подобро." - заврши Хелмут Марко
БАКУ ЛОША ПАТЕКА ЗА СИТЕ, ОСВЕН МЕРЦЕДЕС АМГ
6/14/2016 08:04:00 PM
0
Share to other apps

