Формула 1 карванот ита од Канада кон Азербејџан во трка со времето, каде што Европското Гран При го доби своето место назад во 2016 календарот, по паузата од 2012 година кога за последен пат се одржа во Валенсија, Шпанија. Баку уличната патека оваа година ќе го има своето деби и претставува втора најдолга патека по СПА-Франкоршамп.
Досега, беше можна само виртуелна анализа на патеката, која најавува дека Баку ќе биде најбрзата улична трка, на која има 2,2 километри правци, со специфична секвенца на свиоци 8, 9 и 10, каде што асфалтот е широк само нешто повеќе од 7 метри.
"Јас не знам многу за Азербејџан", изјави Себастијан Ветел во пресрет на тркачкиот викенд. "Јас со нетрпение очекувам да пристигнам таму, бидејќи слушнав многу добри работи за патеката. Слушнав дека е многу возбудлива, се протега низ целиот град и има многу тесни места. Значи, мислам дека треба да очекуваме возбудлив викенд. Јас сум голем фан на уличните патеки. Обично, тие се многу незгодни, нерамни, груби, со многу тесни места. Па, се надевам дека Баку ги исполнува овие очекувања и ќе биде рамо до рамо со другите историски улични патеки. "
ФЕРАРИ - ГУЖВА ВО ЦЕНТАРОТ НА БАКУ
6/14/2016 11:59:00 PM
0
Share to other apps

