Kако што напоменавме Победата на Хамилтон во голема мера беше осигурана на самиот старт на трката, кога од втората стартна позиција, тој имаше многу добар спринт до првиот свиок, додека Розберг со секој метар се повеќе и повеќе заостануваше. Британецот неочекувано лесно го презеде водството по првиот свиок. Зад него и третиот на гридот Рикиардо и Ферстапен, кој стартуваше од четвртата позиција, го поминаа несреќниот Розберг.
Но, додека Рикиардо ја покриваше внатрешната страна на првиот свиок, Ферстапен направи храбар потег од надворешната страна и го претекна својот тимски колега за второто место. Милиметри ги делеа болидите на Ред Бул од потенцијален инцидент, но младиот Холанѓанец со целосно излегување со болидот на фамозните рабници, беше решен да избие напред.
Крајниот поредок на трката беше горе-долу дефиниран по првите застанувања во бокс. Ферстапен и Розберг ги променија супер-меките гуми за исти такви во 11 круг, по што слегуваа Рикиардо, во 12-от, и Хамилтон во 14-от кои се одлучија за меките гуми на Пирели. Поделените стратегии го дефинираа текот на трката за пласман на победничкиот подиум.
Прв на потег се одлучи Нико Розберг, кој со побрз втор пит-стоп се обиде да излезе пред Ферстапен. Возачот на Мерцедес при 27-от круг влезе во бокс по меки гуми, оставајќи го Холанѓанецот еден круг повеќе на патеката, пред тој исто така да премине на меките гуми. Ферстапен излезе на патеката непосредно пред Розберг, но со ладни гуми тој наскоро се најде под голем притисок на Германецот.
Следува потегот за претекнување во шестиот свиок, кога Розберг со покасно сопирање нападна од внатрешната страна на истиот, но неможејќи веднаш да сврти кон десно, тој го истурка Ред Булот надвор од патеката. Розберг излезе пред него, но стјуардите одлучија дека овој потег не бил исправен, па го казнија со казна од 5 секунди, која мораше да биде издржана при следниот пит-стоп.
Хамилтон, напред, имаше целосна контрола врз трката, па при неговиот втор пит-стоп, кога премина на супер-меките гуми, повторно се врати пред Розберг, Ферстапен и Рикиардо. Австралијанецот при својот втор пит-стоп премина на супер-меките гуми, па тој брзо се најде во позиција за напад на неговиот тимски колега, но од тоа немаше потреба бидејќи Ферстапен го отстапи третото место во 40-от круг. Рикардо брзо почна да ја намалува разликата до Розберг, чии меки гуми не работеа како што треба и возачот на Мерцедес се реши да влезе за последниот пит-стоп во 44-от круг.
Тоа беше еден од најкатастрофалните за овој тим. Мерцедес АМГ одлучија казната од 5 секунди да ја отслужат при ова застанување, но поради неподготвена штоперица, казната беше 8.8 секунди, па со промената на гумите, Германецот стоп имаше рекордно застанување од 12 секунди, така што ја загуби битката за третото место со Ферстапен.
Рикиардо беше многу брз на супер-меките гуми, па и по последното влегување во боксевите, неговиот тимски колега не можеше да го стигне, но и тој не можеше да направи нешто повеќе да го нападне Хамилтон на првата позиција. Победничкиот подиум веќе беше познат.
Двојниот пласман на подиумот за Ред Бул, може да се покаже како одлучувачки во битката со Ферари, тим кој беше немоќен да парира на Ред Бул, за конечниот пласман кај конструкторите. Ред Бул сега е втор на табелата со 256 поени, четиринаесет пред Италијанскиот тим. За нив, Себастијан Ветел го освои петтото место, со тимскиот колега Кими Раиконен на шестото место.
Зад Ферари, Нико Хулкенберг заврши на седмото место во Форс Индија, пред Џенсон Батон од Мекларен. Возачот на Мекларен го обезбеди тоа место со претекнување на Валтери Ботас во последниот круг од трката, откако Вилијамсот се мачеше со 30 круга старите супер-меки гуми. Последниот поен од оваа трка му припадна на Серџо Перез, кој пак успеа да го помине вториот Мекларен на Фернандо Алонсо, исто така, во финишот на трката.
Голема Награда на Германија, Хокенхајмринг
67 круга, 306.458км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч30:44.200
2. Даниел Рикиардо Ред Бул + 6.996
3. Макс Ферстапен Ред Бул + 13.415
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 15.845
5. Себастијан Ветел Ферари + 32.570
6. Кими Раиконен Ферари + 37.023
7. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:10.049
8. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
9. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
10. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
11. Естебан Гутиерес Хас + 1 круг
12. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
13. Роман Грожан Хас + 1 круг
14. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
15. Данил Квјат Торо Росо + 1 круг
16. Кевин Магнусен Рено + 1 круг
17. Паскал Верлајн Манор + 2 круга
18. Маркус Ериксон Заубер + 2 круга
19. Џолион Палмер Рено + 2 круга
20. Рио Харјанто Манор + 2 круга
2014: Н.Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч33:42.914
2015: /
Најбрз Круг: Даниел Рикиардо - 1:18.442
Нaјбрз Вкупен Пит-Стоп: Л.Хамилтон - 18.475
Нaјбрз Пит-Стоп: Фелипе Маса - 2.000
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ
Фелипе Маса Вилијамс
Фелипе Наср Заубер
Генерален пласман по 12 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 217 1. Мерцедес АМГ 415
2. Нико Розберг 198 2. Ред Бул 256
3. Даниел Рикиардо 133 3. Ферари 242
4. Кими Раиконен 122 4. Вилијамс 96
5. Себастијан Ветел 120 5. Форс Индија 81
6. Макс Ферстапен 115 6. Торо Росо 45
7. Валтери Ботас 58 7. Мекларен 42
8. Серџо Перез 48 8. Хас 28
9. Фелипе Маса 38 9. Рено 6
10. Нико Хулкенберг 33 10. Манор 1
11. Карлос Саинц ЈР. 30
12. Роман Грожан 28
13. Фернандо Алонсо 24
14. Данил Квјат 23
15. Џенсон Батон 17
16. Кевин Магнусен 6
17. Паскал Верлајн 1
18. Штофел Вандорн 1
Инцидентот на Нико и Макс, кој донесе 5 секунди казна за Германецот...Секогаш е забавно со Даниел на Подиум...
Но, и на патеката...
Најинтересниот дел од трката, СТАРТОТ...
Имаше и неколку интересни претекнувања...