Стартот на трката се одвиваше на најдобар можен начин за Нико Розберг, кој низ првиот свиок помина како водечки во поредокот. Акцијата се одвиваше веднаш зад него. Макс Ферстапен имаше лош старт, многу пролизгување на тркалата што го направи многу бавен и за брзо беше буквално проголтан од болидите на Ферари на правецот.
Кими Раиконен потоа се решава да замине кон надворешната страна од првиот свиок, за борба со Ветел и остави место од внатрешноста на истиот, доволно за Ферстапен да се реши да ризикува со касно сопирање да се пикне во тоа простор максимално користејќи ги рабниците.
Кога Ветел заврте кон болидот на Раиконен, кој во тој момент не можеше да реагира и сврти кон внатрешноста, поради надоаѓањето на Макс, дојде до контакт на трите болиди.
Ветел го загуби задниот дел на болидот и се изврте на патеката, додека Ферстапен и Раиконен беа принудени да влезат во бокс поради претрпената штета. Ферарито заврши со дупната гума и оштетен под од кој се развија пламени јазици, а Ред Булот имаше потреба од ново предно крило. Сите тројца се најдоа на крајот од поредокот.
Подоцна во првиот круг, Паскал Верлајн со болидот на Манор заврши во задниот дел на Мекларенот на Џенсон Батон во свиокот Les Combes, што резултираше со нивно повелкување од трката. Веќе во наредниот втор круг, Карлос Саинц ЈР. заработи дупната десна задна гума на својот Торо Росо, се обиде да продолжи, но само успеа уште повеќе да го оштети својот болид, за на крај кога остана без задно крило да се паркира покрај патеката и се упати пеш кон својата гаража.
Следуваше откажување и на Маркус Ериксон, кој ја стартува трката од пит линијата, поради проблеми со менувачот на неговиот Заубер. Хаотичниот старт го искористија казнетите Алонсо и Хамилтон кои од последниот ред стигнаа до 10-тото т.е. 11-тото место веќе во шестиот круг. Тогаш, Кевин Магнусен имаше стравично излетување и заврши во бариерите покрај патеката. Тој беше во ред, малку поткривнуваше, што се должело на посекотина на неговиот глужд. Следува период на безбедносно возило.
Кога по три круга стана јасно дека бариерите нема да бидат лесно поправени, трката беше стопирана. Возачите кои со своите инженери го предвидоа тоа добија најмногу, а останатите кои влегоа во бокс додека безбедносното возило беше на патеката беа губитниците.
Најголеми среќници беа Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон, Шпанецот се најде на четвртото место, додека Британецот беше петти. Напред, Розберг беше на првото место, но Рикиардо се пресели на второто, откако Хулкенберг се реши на промена на гуми под безбедносното возило.
Црвеното знаме беше благодет за Рикиардо. Возачот на Ред Бул стартуваше од петтата позиција, но остатоците од инцидент во првиот свиок му го имаа оштетено предното крило. Неговите механичари беа во можност да го променат, плус неговиот болид доби нови меки гуми.
При рестартот на трката, Розберг и Рикиардо, без никакви поголеми проблеми ги задржаа своите места, но Хамилтон брзо ги помина Алонсо и Хулкенберг за третото место. Се обиде да стигне и до второто место, се доближи на една секунда до Австралијанецот, но неговиот инженер го советуваше дека неговите гуми се уништени и треба да влезе во бокс по нови.
Тоа го направи во 32-от круг и излезе на патеката со заостанување од 18 секунди зад болидот на Ред Бул. Разликата беше преголема за нешто повеќе, па Хамилтон се реши да го чува третото место. Тој забележа нов рекорден напредок на оваа патека, со старт од 21-та позиција до третото место.
Зад првите тројца, одлично попладне за возачите на Форс Индија, Нико Хулкенберг четврти и Серџо Перез на петтото место. Тимот забележа 22 поени на оваа трка за да премине на четвртото место во поредокот на конструктори, поминувајќи го тимот на Вилијамс, чии возачи, Валтери Ботас и Фелипе Маса завршија на осмото и десетото место соодветно. Форс Индија сега има 103, пред Вилијамс со 101 поени.
Шесто место во трката му припадна на Ветел, кој мора да биде задоволен со него, по инцидент во првиот свиок на стартот од трката. Алонсо, пак, по стартот од последната позиција имаше одлична трка за седмото место. Трката ќе остане во сеќавање и по дуелите на Кими Раиконен со фаворитот на публиката присутна на патеката, Макс Ферстапен.
Тие се најдоа во блиска борка во неколку наврати во текот на првата третина од трката, кои го доведоа Финецот во ситуација преку тимското радио да го искоментира возењето на младото момче како "смешно и опасно". Сепак, Раиконен на крајот имаше подобра стратегија од Холанѓанецот, но само за деветтото место зад Ботас и пред Маса, на последното место кое носеше поени на оваа трка.
Голема Награда на Белгија, СПА-Франкоршамп
44 круга, 308.052км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч23:40.387
2. Даниел Рикиардо Ред Бул + 14.115
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 27.634
4. Нико Хулкенберг Форс Индија + 35.907
5. Серџо Перез Форс Индија + 40.660
6. Себастијан Ветел Ферари + 45.394
7. Фернандо Алонсо Мекларен + 59.445
8. Валтери Ботас Вилијамс + 1:00.076
9. Кими Раиконен Ферари + 1:01.109
10. Фелипе Маса Вилијамс + 1:05.873
11. Макс Ферстапен Ред Бул + 1:11.138
12. Естебан Гутиерез Хас + 1:13.877
13. Роман Грожан Хас + 1:16.474
14. Данил Квјат Торо Росо + 1:27.097
15. Џолион Палмер Рено + 1:33.165
16. Естебан Окон Манор + 1 круг
17. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
2014 Д.Рикиардо - Ред Бул - 1ч24:36.556
2015 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч23:40.387
Најбрз круг: Луис Хамилтон - 1:51.583
БЕЗ ПЛАСМАН:
Кевин Магнусен Рено
Маркус Ериксон Заубер
Карлос Саинц ЈР. Торо Росо
Џенсон Батон Мекларен
Паскал Верлајн Манор
Генерален пласман по 13 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 232 1. Мерцедес АМГ 455
2. Нико Розберг 223 2. Ред Бул 274
3. Даниел Рикиардо 151 3. Ферари 252
4. Себастијан Ветел 128 4. Форс Индија 103
5. Кими Раиконен 124 5. Вилијамс 101
6. Макс Ферстапен 115 6. Мекларен 48
7. Валтери Ботас 62 7. Торо Росо 45
8. Серџо Перез 58 8. Хас 28
9. Нико Хулкенберг 45 9. Рено 6
10. Фелипе Маса 39 10. Манор 1
11. Фернандо Алонсо 30
12. Карлос Саинц ЈР. 30
13. Роман Грожан 28
14. Данил Квјат 23
15. Џенсон Батон 17
16. Кевин Магнусен 6
17. Паскал Верлајн 1
18. Штофел Вандорн 1