Вреди да се напомене дека Ферстапен и Рикиардо, возачите на Ред Бул се единствените двајца возачи кои ќе ја стартуваат утрешната трка на супер-меките гуми, додека остатокот од најбрзите десет ќе стартуваат на ултра-меките гуми на Пирели. Дали тоа ќе биде од помош за тимот на Ред Бул ќе дознаеме утре.
Добри квалификации за Торо Росо, со двајцата нивни возачи во топ 10 пласманот, за прв пат од Монако ГП-то. За разлика од нив Ферари со Себастијан Ветел имаше многу, многу лош ден, па Германецот ќе ја стартува трката од последната позиција на гридот, на патека каде претекнувањето е тешко изводливо.
Денешните квалификации се добра најава за интересна трка за Големата Награда на Сингапур, која започнува утре, Недела, во 14:00 часот.
2016 СИНГАПУР ГРАН ПРИ - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:42.584
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:43.115 + 0.531
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:43.288 + 0.704
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:43.328 + 0.744
5. Кими Раиконен Ферари 1:43.540 + 0.956
6. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:44.197 + 1.615
7. Данил Квјат Торо Росо 1:44.469 + 1.885
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:44.479 + 1.895
9. Фернандо Алонсо Мекларен 1:44.553 + 1.969
10. Серџо Перез Форс Индија 1:45.582 + 1.998
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:43.020
11. Валтери Ботас Вилијамс 1:44.740 + 1.720
12. Фелипе Маса Вилијамс 1:44.991 + 1.971
13. Џенсон Батон Мекларен 1:45.144 + 2.124
14. Естебан Гутиерез Хас 1:45.593 + 2.573
15. Роман Грожан Хас 1:45.723 + 2.703
16. Маркус Ериксон Заубер 1:47.827 + 4.807
Q1 Најбрзо време: Даниел Рикиардо 1:44.255
17. Кевин Магнусен Рено 1:46.825 + 2.570
18. Фелипе Наср Заубер 1:46.860 + 2.605
19. Џолион Палмер Рено 1:46.960 + 2.705
20. Паскал Верлајн Манор 1:47.667 + 3.412
21. Естебан Окон Манор 1:48.296 + 4.041
22. Себастијан Ветел Ферари 1:49.116 + 4.861
107% време: 1:51.553
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:45.681
2015 Себастијан Ветел - Ферари - 1:43.885
Кругот за Пол позиција...
Вилијамс се бунеше за жолтите знамиња и Перез...
Q3 доцнеше по излетувањето на Грожан...
Ветел со болид на три тркала...