Трката започна со драматичен старт на болидите од средината на гридот. Нико Хулкенберг полета како од катапулт од осмата позиција, слично како и Карлос Саинц ЈР. пред него. Двајцата возачи се обидоа на напредуваат низ средината, по што следуваше судир, од кој подебелиот крај го извлече Германецот во Форс Индија. Неговиот болид заврши во ѕидот на стартно целната рамнина, претрпе значителни оштетувања, а неговите остатоци останаа расфрлани низ патеката. Во Сингапур тоа автоматски значи излегување на безбедносното возило.
Напред Нико Розберг го задржа водството пред Рикиардо, а зад нив, Луис Хамилтон се одржа третото место. Макс Ферстапен кој стартуваше од четвртата позиција повторно имаше лош старт и падна на осмото место пред безбедносното возило. Подоцна, Холандскиот тинејџер го помина остатокот од трката на маргините од топ 10 пласман, а најчесто беше во битка со Данил Квјат, за да го спаси последниот стинт кога успеа да стигне до шестото место. Иако секогаш ќе го подржуваме младиот возач, кој донесе свежа крв во овој спорт, но ако не го вратат на правиот пат, може да заглави со својата кариера. Мора да се смири малку и да учи од постарите шампиони.
По повлекувањето на безбедносното возило, Розберг почна да гради предност и во моментот на првите влегувања во бокс имаше седум секунди предност пред Австралијанецот, дополнителни четири секунди до Хамилтон. Во задниот дел од гридот каде го имавме Себастијан Ветел со Ферари, кој стартуваше во последната позиција, веќе беше стигнат до десеттото место со претекнување на побавните болиди, додека меките гуми на Пирели му овозможија да остане подолго на патеката од своите ривалите.
При вториот стинт немаше некои поголеми промени, освен што возачите на Мерцедес АМГ загубија дел од брзинатат поради прегреаните сопирачки. Кај Розберг тоа се чувствуваше помалку бидејќи немаше никој пред него, па Рикиардо успеа да ја намали неговата предност на помалку од три секунди. Хамилтон, пак беше во сообраќајот и неговите сопирачки беа потешко да се изладат. Тоа го искористи Кими Раиконен и како потоа се покажа непосредно пред вторите влегувања за промена на гуми, Финецот изнајде начин да го помине актуелниот Шампион за третото место. Ветел, во меѓувреме, продолжи да напредува и стигна до шестото место.
Од Мерцедес АМГ веднаш реагираа и го повикаа Хамилтон на нова промена на гуми и план Б. Тој беше опремен со меките гуми кои најдобро им одговараа на Мерцедесите. Стратегистите на Ферари, како да беа изненадени од овој потег, реагираа дури по два круга. До сега веќе и малите деца научија дека тој што влегува втор губи позиција на предност каква што имаше Финецот од само 2 секунди, па по излегувањето на патеката се најде зад Британецот. Иако ги имаше побрзите ултра-меки гуми, претекнувањето на Мерцедес АМГ не е лесен залак, особено на патека како Марина Беј.
Водечкиот на трката, Нико Розберг беше во сигурна позиција за Победа, се до моментот кога (47 круг) од Ред Бул се одлучија да ги сменат гумите на болидот на Даниел Рикиардо, благодарение на неговата сигурна предност пред Луис Хамилтон. Австралијанецот излезе на патеката со супер-маки гуми и заостанување од 27 секунди. Мерцедес АМГ одлучи да не го повикува Розберг за промена на гуми. Тоа можеше да биде кобно за него, но Ред Булот не успеа во својата намера за 1-2 круга.
Следните 14 круга донесоа малку адреналин кога Рикиардо успеваше да намалува по две и пол секунди од предноста на Розберг по круг. Во последниот сектор при последниот круг тој беше во ДРС-зоната по проблеми со заостанати болиди за Розберг. Но, Германецот изгледа попушта само кога Хамилтон е зад него, успеа да остане смирен и ја премине целната линија со само 0.488 секунди пред Ред Булот.
Хамилтон заврши на третото место пред Кими Раиконен, додека Ветел со одлично возење од 22-та стартна позиција стигна до заслужено петто место. Ферстапен го претекна Фернандо Алонсо во завршните моменти од трката за шестото место. Осмото место отиде во рацете на Серџо Перез, пред Данил Квјат и Кевин Магнусен со Рено за заокружување на пласманот за поени.
Голема Награда на Сингапур, Марина Беј
61 круга, 308.965км., Време: Ноќна трка.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч55:48.950
2. Даниел Рикардо Ред Бул + 0.488
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 8.038
4. Кими Раиконен Ферари + 10.219
5. Себастијан Ветел Ферари + 27.694
6. Макс Ферстапен Ред Бул + 1:11.197
7. Фернандо Алонсо Мекларен + 1:29.198
8. Серџо Перез Форс Индија + 1:51.062
9. Данил Квјат Торо Росо + 1:51.557
10. Кевин Магнусен Рено + 1:59.952
11. Естебан Гутиерез Хас + 1 круг
12. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
13. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
14. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
15. Џолион Палмер Рено + 1 круг
16. Паскал Верлајн Манор + 1 круг
17. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
18. Естебан Окон Манор + 2 кругa
Најбрз Круг: Даниел Рикиардо - 1:47.187
БЕЗ ПЛАСМАН:
Роман Грожан Хас
Нико Хулкенберг Форс Индија
Валтери Ботас Вилијамс
Џенсон Батон Мекларен
2014 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч00:04.795
2015 С.Ветел - Ферари - 2ч01:22.118
Генерален пласман по 15 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 273 1. Мерцедес АМГ 538
2. Луис Хамилтон 265 2. Ред Бул 316
3. Даниел Рикиардо 179 3. Ферари 301
4. Себастијан Ветел 153 4. Форс Индија 112
5. Кими Раиконен 148 5. Вилијамс 111
6. Макс Ферстапен 129 6. Мекларен 54
7. Валтери Ботас 70 7. Торо Росо 47
8. Серџо Перез 66 8. Хас 28
9. Нико Хулкенберг 46 9. Рено 7
10. Фелипе Маса 41 10. Манор 1
11. Фернандо Алонсо 36
12. Карлос Саинц ЈР. 30
13. Роман Грожан 28
14. Данил Квјат 25
15. Џенсон Батон 17
16. Кевин Магнусен 7
17. Паскал Верлајн 1
18. Штофел Вандорн 1