Тој успеа да комплетира само 10 круга, кога на 20 минути од почетокот беше принуден да ја посети својата гаража за дополнителни проверки на хидрауликата на болидот, но до крајот не успеа да продолжи со акција на попладневната сесија. Британецот сепак го имаше седмото најбрзо време. По 1-2 позициите на првиот тренинг сите бевме во очекување дали тимот на Ред Бул може да го повтори тој успех, но тоа не се случи.
Макс Ферстапен и Даниел Рикиардо на овој тренинг паднаа на 3-тото и 4-тото место зад Кими Раиконен со Ферари кој го имаше второто најбрзо време. Двајцата возачи на Ред Бул се соочуваа со гужва на патеката при нивните брзи кругови на ултра-меките гуми на Пирели. Рикиардо имаше среќа да избегне судир со бариерите на почетокот од сесијата кога изгуби контрола над болидот откако при првиот свиок го допре ѕидот.
Топ пет пласманот го заокружи Себастијан Ветел. Нико Хулкенберг беше шести за Форс Индија пред Хамилтон, со Карлос Саинц на осмата позиција и надеж дека Торо Росо може да се надева на добар викенд.
Тимскиот колега Данил Квјат заврши 10-ти зад Фернандо Алонсо, кој беше принуден пред време да ја заврши сесијата поради проблеми со менувачот. Дали овој расплет навестува нешто подраматичен викенд ќе дознаеме на утрешните Квалификации, кои започнуваат во 15:00 часот по македонско време.
2016 СИНГАПУР ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:44.152 34
2. Кими Раиконен Ферари 1:44.427 + 0.275 34
3. Max Ферстапен Ред Бул 1:44.532 + 0.380 29
4. Даниел Рикардо Ред Бул 1:44.557 + 0.405 26
5. Себастијан Фетел Ферари 1:45.161 + 1.009 33
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:45.182 + 1.030 35
7. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:45.275 + 1.123 10
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:45.507 + 1.357 33
9. Фернандо Алонсо Мекларен 1:45.779 + 1.627 30
10. Данил Квјат Торо Росо 1:46.029 + 1.877 35
11. Серџо Перез Форс Индија 1:46.063 + 1.911 26
12. Џенсон Батон Мекларен 1:46.574 + 2.422 30
13. Естебан Гутиерез Хас 1:46.727 + 2.575 36
14. Фелипе Маса Вилијамс 1:46.856 + 2.704 30
15. Валтери Ботас Вилијамс 1:46.960 + 2.808 30
16. Кевин Магнусен Рено 1:47.161 + 3.009 30
17. Џолион Палмер Рено 1:47.166 + 3.014 34
18. Фелипе Наср Заубер 1:47.531 + 3.379 29
19. Роман Грожан Хас 1:48.391 + 4.239 12
20. Маркус Ериксон Заубер 1:48.487 + 4.335 32
21. Паскал Верлајн Манор 1:48.505 + 4.353 33
22. Естебан Окон Манор 1:48.823 + 4.671 29
2014: Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:47.490
2015: Д.Квјат - Ред Бул - 1:46.142
Алонсо со проблеми...
Грожан во бариерите...
На улична патека си друже...