Возачи со ваков карактер се потребни на Формула 1 Шампионатот. Нико Хулкенберг веднаш по трката, која за него заврши веќе на стартот, изјави дека Карлос Саинц ЈР. не е виновен за нивниот судир. Возачот на Форс Индија имаше летечки старт и од стартната линија тргна да напредува низ средината на патеката, но брзо потоа дојде до контакт со болидот на Торо Росо, во кој тој го извлече подебелиот крај. Хулкенберг верува дека лошиот старт на Макс Ферстапен, во комбинација со неговиот молскавичен старт е причината за незавршување на трката. За него ова е веќе втора последователна трка без да ја мине целната линија.
"Имав навистина добар старт, најдобриот во сезоната, но до одреден степен и јас најверојатно ја платив цената за тоа, бидејќи контактот ме испрати директно во ѕидот. Мислам дека Карлос не бараше празнина за да се протне, бидејќи неговиот старт не беше толку добар, но тој мораше да сврти за да го избегне бавниот Макс, кој што мислам дека имаше прилично слаб старт и, најверојатно, тоа го предизвика инцидентот."
"Дефинитивно немаше намерата од негова страна. Претпоставувам дека тоа е тркање и динамиката на самиот старт, никој не беше виновен. Секако дека е многу фрустрирачки кога ќе дојдете да се тркате, вложувате огромна, напорна работа во текот на викендот, за потоа да се случи нешто како ова, тоа е многу разочарувачки. Но, таков е овој спорт."
НИКО ХУЛКЕНБЕРГ - КЛАСА ВОЗАЧ БЕЗ ВИСТИНСКИ ПРИЛИКИ
9/18/2016 10:27:00 PM
0
Share to other apps