По Фелипе Маса, 2017 сезоната на Формула 1 Шампионатот ќе биде и без Џенсон Батон. Мекларен денес објави дека воведува иновативна стратегија со три возачи за 2017 и 2018 година. Џенсон Батон, Ф1 Шампионот и победник на 15 трки потпишал нов, две годишен договор со активна улога на клучен член во развојот на нивниот болид. Активната возачка постава за 2017 сезоната на Мекларен ќе биде составена од двократниот Шампион, Фернандо Алонсо, и еден од најталентираните млади возач во овој мотоспорт, Штофел Вандорн.
Џенсон Батон: "Јас сум воодушевен што продолжувам да бидам клучен член на Мекларен-Хонда. Всушност, јас сум многу возбуден за мојата нова улога, која беше создадена како резултат на голем број разговори со Рон. Поточно, јас со нетрпение очекувам да бидам подлабоко вклучен во напорите на тимот да го донесеме успехот кон кој сите се стремиме."
"Го сакам овој тим. Јас цврсто верувам дека е составен од најдобрите луѓе со кои сум работел и јас немам намера да возам за друг Формула 1 тим."
"Да се разбереме, јас дефинитивно не се пензионирам. Јас сум ангажиран за 2017 и за 2018 година, јас имам намера напорно да работам на развојот на нашиот боид, и јас сум сигурен дека ќе седнам зад воланот на новиот болид во дoгледен период."
Штофел Вандорн: "Најпрво, сакам да изразам благодарност до сите во Мекларен-Хонда, а особено Рон, за искажаната доверба. Јас сум потпишал многу автограми во мојата кариера, но, денес, кога го подигав пенкалото за да го потпишам мојот договор со Мекларен-Хонда, може да се каже дека имав исклучително посебно чувство."
"Тоа е огромна чест за мене, и ветувам дека ќе работам напорно кон нашата заедничка цел. Имам целосна доверба во потенцијалот на проектот на Мекларен-Хонда, и јас цврсто верувам дека, заедно со брилијантен и искусен возач како Фернандо, ќе бидеме во можност да направиме силен придонес во идните успеси на тимот."
ОФИЦИЈАЛНО: ЏЕНСОН БАТОН ГО ИЗГУБИ ВОЗАЧКОТО МЕСТО ВО МЕКЛАРЕН
9/03/2016 05:36:00 PM
0
Share to other apps