На вчерашните квалификации, Луис Хамилтон беше убедливо најбрзиот болид на патеката со дури половина секунда предност пред тимскиот колега, запечатувајќи ја првата стартна позиција пред Розберг. Сите очекувавме дека по таквата демонстрација на сила лидерот во шампионатот, едноставно ќе летне далеку напред од самиот почеток и лесно ќе стигне до нова победа. Сепак, Британецот, ја зафркна работата.
Првично изгледаше дека сите водечки болиди стартуваа добро, но тогаш Хамилтон да заостанува и сите околу него успеаа да го претекнат. Себастијан Ветел со Ферари стигна до второто место, пред тимскиот колега Кими Раиконен, додека Валтери Ботас беше на четвртото пред Даниел Рикиардо со Ред Бул.
Друг возач кој имаше лош старт беше Макс Ферстапен со вториот Ред Бул. Холандскиот тинејџер, од неговата 7-ма позиција падна на 12-тото место до крајот на првиот круг. Нив им се приклучи и Естебан Гутиерез кој од десеттата позиција се лизна на 20-то место.
Хамилтон набрзо го претекна Рикиардо за петтото место, за до крајот на 10-от го претекне и Ботас за четвртото. За тоа време Ферстапен стигна до деветтото место. Напред Розберг билдаше разлика и при 11-от круг, тој беше 4.4 пред Ветел и имаше 11 секунди предност во однос на Хамилтон.
При 15-от круг следуваше период на влегување во бокс на сите болиди со супер-меки гуми, што му овозможи на Хамилтон да стигне на второто место, 13,4 секунди зад Розберг. Болидите на Мерцедес АМГ беа единствените од топ 10 кои стартуваа на потврдата компонента, што им овозможи еден пит-стоп помалку. Себастијан Ветел сега беше трет пред Раиконен, Ботас пред Рикиардо. Истиот редослед се задржа и по вторите пит-стопови.
Во последниот стинт болидите на Ред Бул одлично работеа на супер-меките гуми, па така Даниел Рикиардо успеа да го помине Валтери Ботас, додека неговиот тимски колега се искачи на седмото место со претекнување на Серџо Перез. Четири круга подоцна Розберг ја помина стартно-целната линија за своја прва победа во Италија, пред Хамилтон и Ветел на подиумот. Кими Раиконен беше безбеден на 4-тот место, по кое следуваат Рикиардо, Ботас, Ферстапен, Перез, Маса и Хулкенберг на последното место што носи поени.
Како што напишавме претходно, Нико Розберг ја намали разликата до лидерот во шампионатот на само два поени, но колку ќе биде во можност посериозно да го загрози првото место на табелат во трки без проблеми за Британецот не сме баш сигурни. Во битката за титулата кај конструкторите, Мерцедес АМГ ја зголеми и онака големата предност, но Ферари ја намали разликата со Ред Бул на 11 поени.
Следува Големата Награда на Сингапур за две недели.
Голема Награда на Италија, Монца
53 круга, 306.720км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч17:28.089
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 15.070
3. Себастијан Фетел Ферари + 20.990
4. Кими Раиконен Ферари + 27.561
5. Даниел Рикиардо Ред Бул + 45.295
6. Валтери Ботас Вилијамс + 51.015
7. Макс Ферстапен Ред Бул + 54.236
8. Серџо Перез Форс Индија + 1:04.954
9. Фелипе Маса Вилијамс + 1:05.617
10. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:18.656
11. Роман Грожан Хас + 1 круг
12. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
13. Естебан Гутиерез Хас + 1 круг
14. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
15. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
16. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
17. Кевин Магнусен Рено + 1 круг
18. Естебан Окон Манор + 2 круга
Најбрз Круг: Фернандо Алонсо - 1:25.340
БЕЗ ПЛАСМАН:
Данил Квјат Торо Росо
Паскал Верлајн Манор
Џолион Палмер Рено
Фелипе Наср Заубер
Генерален пласман по 14 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 250 1. Мерцедес АМГ 498
2. Нико Розберг 248 2. Ред Бул 290
3. Даниел Рикиардо 161 3. Ферари 279
4. Себастијан Ветел 143 4. Вилијамс 111
5. Кими Раиконен 136 5. Форс Индија 108
6. Макс Ферстапен 121 6. Мекларен 48
7. Валтери Ботас 70 7. Торо Росо 45
8. Серџо Перез 62 8. Хас 28
9. Нико Хулкенберг 46 9. Рено 6
10. Фелипе Маса 41 10. Манор 1
11. Фернандо Алонсо 30
12. Карлос Саинц ЈР. 30
13. Роман Грожан 28
14. Данил Квјат 23
15. Џенсон Батон 17
16. Кевин Магнусен 6
17. Паскал Верлајн 1
18. Штофел Вандорн 1
Стартот на трката...(ФОМ е се побрз во бришењето на видеата)
Реакцијата на Тото...
Џолион Палмер VS Фелипе Наср...