Продолжуваат тест сесиите на Пирели за развој на 2017 гумите. За разлика од Ферари и Ред Бул кои го имаа првото запознавање со новите гуми, тимот на Мерцедес АМГ за прв пат ги испробува на патеката Пол Рикард во Франција. Паскал Верлајн е зад воланот на модифицираниот 2015 болид, кој, исто како и болидите на останатите два тима, го симулира зголемувањето на нивото на потисна сила, кое се очекува благодарение на пошироките предни и задни крила на болидите за следната година. Истовремено, Кими Раиконен и Себастијан Ветел, имаат тест задачи со модифицираниот 2015 болид на Ферари на патеката Каталуња, во Барселона.
Пол Хембри изјави: "Имаме уште многу тестирање во врска со профилите, структурата и материјалите кои ќе ги користиме за 2017 гумите, бидејќи тие се се уште во раните фази на развој. Дури во доцната фаза на овие тест сесии сите елементи ќе се комбинираат заедно, но овие тестирања на репрезентативни патеки се од особено значење за нас. Постигнатите времиња се целосно ирелевантни за оваа фаза, каде клучен елемент е модифицираните болидите вистински да ги симулираат нивоата на потисна сила кои се очекуваат во 2017 година. Тоа има големо влијание врз начинот на кој смесите ќе реагираат и нивното однесување. Сите сме во фаза на учење, вклучувајќи ги и тимовите. Тие направија неверојатна работа за да ја имаме основната од каде би започнале."
Себастијан Ветел денес ги презеде должностите од Раиконен на патеката Каталуња, на дводневната тест сесија, додека Верлајн ќе тестира со Мерцедес три дена на Пол Рикард.
МЕРЦЕДЕС АМГ И ФЕРАРИ СО НОВИ ТЕСТ СЕСИИ
9/07/2016 02:18:00 PM
0
Tags
Share to other apps