Светскиот совет за мотоспорт ги потврди промените во додатоците 6 и 8 од Спортските Ф1 правила за 2017 година со кои се разјаснуваат ангажирање на надворешни соработници и правила на однесување при изработка и употреба на делови за болидите, користење на аеро-тунелите, трансфер на персоналот помеѓу тимовите и.т.н.
Од 2017 година ќе имаме нова постапка за старт на трката кога имаме влажно време, т.е. кога директорот на трката ќе смета дека е загозена безбедноста на возачите. Во тој случат трката ќе биде започната под безбедносното возило, а нормален старт ќе следува кога условите на патеката ќе се сметаат за безбедни за тркање. Безбедносното возило ќе се повлече во својата гаража, по што болидите ќе ги заземат своите позиции за стоечки старт на трката.
Возачите како и оваа сезона нема да можат да го менуваат дизајнот на своите кациги, но од следната сезона секој од нив ќе има една трка по свој избор, на пример домашна патека, кога ќе им биде дозволено комплетно нов дизајн на кацигата. Исто така, доколку возачите го променат тимот, ќе им биде дозволено да го променат и дизајнот на својата кацига.
Повеќе нема да биде дозволено "трупање" на резерни делови од ПЕ, како што тоа беше случај со Луис Хамилтон на СПА-Франкоршамп, туку за секој нов дел, следува казна на една трка. Да објасниме, Хамилтон употреби 3 нови мотори од ПЕ, па по новите правила едниот носи казна за СПА, додека останатите два ќе му донесеа казна и на следните две трки.
За првите пет трки од 2017 сезоната Пирели службено ќе им додели на сите возачи ист избор на гуми, два сета од најтврдата смеша, четири сета од медиум и седум сета од најмеката смеша. Тоа е така бидејќи тестирањето на 2017 гумите нема да биде завршено до рокот предвиден за иазбор на гуми од страна на самите тимови
Бројот на трки во 2017 сезоната останува на 21:
1. Австралија | 26 Март | Мелбурн |
2. Кина | 9 Април | Шангај |
3. Бахреин | 16 Април | Бахреин |
4. Русија | 30 Април | Сочи |
5. Шпанија | 14 Мај | Барселона |
6. Монако | 28 Мај | М.Карло |
7. Канада | 11 Јуни | Монтреал* |
8. Азербеџан | 18 Јуни | Баку |
9. Австрија | 2 Јули | Шпилберг |
10. Британија | 9 Јули | Силверстоун |
11. Унгарија | 23 Јули | Хунгароринг |
12. Германија | 30 Јули | Хокенхајм* |
13. Белгија | 27 Август | СПА |
14. Италија | 3 Септември | Монца |
15. Малезија | 17 Септември | Сепанг |
16. Сингапур | 1 Октомври | Сингапур |
17. Јапонија | 8 Октомври | Сузука |
18. Америка | 22 Октомври | Остин |
19. Мексико | 5 Ноември | Мексико Сити |
20. Бразил | 12 Ноември | Сао Пауло* |
21. Абу Даби | 26 Ноември | Абу Даби |
* Треба официјална потврда