Речиси по три години од скијачката несреќа на Михаел Шумахер, тој се уште не може самостојно да се движи или стои. Неговата здравствена состојба беше презентирана како дел од судска постапка што ја покрена неговото семејство, каде тие го тужат германското списание кое објави дека седумкратниот шампион е се подобро и дека веќе може самостојно да се движи.
"За жал тоа не е вистина, тој не може да оди," изјави Феликс Дам, адвокатот што го претставува семејството на Шумахер, на сослушувањето во Хамбург. "Седумкратниот шампион дури и не може да стои без помош на терапевти."
Ужасната несреќа во која Шумахер речиси ќе загинеше, кога тој падна при скијање и удри со главата во карпа, се случи во декември 2013 година. Од тогаш неговите бројни фанови низ целиот свет со нестрпливост го очекуваат секој извештај за неговата состојба кој би имал добри вести, но неговото семејство во голема мера остана упорно во заштитата на неговата приватност.
Настана голема возбуда кога германското списание ексклузивно објави дека него му е многу подобро и дека самостојно се движи. Но, семејството на Шумахер брзо ги негираше овие тврдења, и започна судски спор за оштета од 40,000-100,000 евра за повреда на неговата приватност.
"Ваквите шпекулации се неодговорни, бидејќи со оглед на сериозноста на повредите, приватноста е многу важна за Михаел," реагираше Сабине Кем, менаџерот на Шумахер, во време кога излезе таа статија. "За жал, исто така, дава лажна надеж за многу луѓе."
Пресудата се очекува следниот месец.
Ако ја добијат оваа парница, треба да продолжат и кон сите останати медиуми кои го пренесоа тоа, вклучувајќи и многу наши портали, се со цел што повеќе кликови на својата веб-страница. Но, ништо ново за нашите простори каде секоја семејна трагедија се користи за сопствени цели.
ВИСТИНАТА ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР
9/20/2016 10:59:00 PM
0
Share to other apps