По завршувањето на Европската турнеја, Формула 1 се сели на Азискиот континент, место каде историјата на овој спорт е во зачеток, но, затоа патеките се ултра-модерни. По натпреварувањето на најбрзата трка во однос на времетраењето, Големата Награда на Италија на патеката Монца, која заврши за само 1 час и 17 минути, Ф1 тимовите се селат на временски најдолгата трка во календарот на 5.065 метарската улична патека - Марина Беј.
Откако во 2008 година се приклучи на Формула 1 календарот, секојa трка во Сингапур е во близина на максимално дозволеното времетраење на една трка од два часа. Но, минатогодишната трка беше најдолгата, поминувајќи го овој рок за 1 минута и 22 секунди. Никој не се пожали на тоа. Модерната патека го направи овој тропски остров, кој се наоѓа само еден степен северно од екваторот, во глобален центар за бизнис и туризам.
Кога Сингапур дојде на Формула 1 сцената, тоа беше нешто повеќе отколку само трка на ново место со прекрасна локација. Тоа беше првата ноќна трка во шампионатот и првата улична патека во Азија. Возачите со нетрпение очекуваат да се тркаат на оваа патека со 23 свиоци и покрај нејзината исцрпувачка природа. Блиските бариери, исто како во Монте Карло, бараат целосна фокусираност и концентрација од возачите за време на целиот тркачки викенд. И покрај сите тешкотии со кои се соочуваат, трката во Сингапур е добро прифатена од страна на возачите.
Според самите возачи, моќното осветлување овозможува таква видливост на патеката која е подобра отколку на дневните трки, бидејќи не постои отсјајот на сонцето. Поради сето ова, кога болидите ќе поминат со околу 320 км/ч низ правците, со многубројни искри од нивните подови, фановите доживуваат напад на сите свои сетила, каков што може да се доживее само на Марина Беј уличната патека. Издувните пламени и сјајните дискови на сопирачките обезбедуваат глетка што поминува незабележано во дневните часови.
Времето во Сингапур и во септември е жешко. Навистина жешко. Како додатно отежнување е и големата влажност на воздухот. Затоа колку што трката во Сингапур се вози навечер од естетски причини и прилагодување со Европската саатница, тоа е и најдоброто време за возачите и публиката. Сепак, температурата во внатрешноста на болидите може да достигне и до 60 степени Целзиусови.
Од дебито во 2008 година, на Сингапур ГП-то победуваат само тројца возачи, Фернандо Алонсо во 2008 и 2010 година, Луис Хамилтон во 2009 и 2014 година, како и Себастијан Ветел со четири победи во 2011, 2012, 2013 и 2015 година. Кога сме кај возачите, вниманието е насочено кон борбата помеѓу тимските колеги од Мерцедес АМГ, каде Нико Розберг со победата во Италија ја намали разликата до Луис Хамилтон на само два поени.
Во шампионатот на конструкторите титулата е решена, но останува да гледаме некои добри дуели помеѓу возачите на Ред Бул и Ферари, каде Австрискиот тим има 11 поени повеќе од Италијанците во битка за второто место зад Мерцедес АМГ. Исто така, четврто пласираниот тим на Вилијамс има предност од три поени пред тимот на Форс Индија.
Временскиот распоред е малку изменет во однос на стандардната европска саатница и можете да го погледнете со клик на следниот ЛИНК.
ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА СИНГАПУР
9/14/2016 11:09:00 PM
0
Share to other apps