За фаворитите Q1 и Q2 сесиите поминаа без поголеми проблеми, но утре на трката ќе гледаме две стратегии. Розберг, Хамилтон и Ферстапен се решија своите најбрзи времиња да ги постават на меките гуми, додека останатите кои обезбедија пласман во најбрзите десет возачи ги користеа супер-меките гуми.
Тие се половина секунда побрзи, но нивната трајност е многу помала. Возачите на Мерцедес АМГ и Ферстапен теоретски се во предност поради меките гуми, но дали тоа ќе се оствари и во пракса ќе видиме утре на трката.
Во последната Q3 сесија, при првите брзи кругови, Нико Розберг направи мала грешка во првиот свиок, која ја искористи Хамилтон, поставувајќи го најбрзото време со 0.072 секунди пред тимскиот колега, додека Рикиардо го имаше трето најбрзо време. Следуваа Ферстапен, Ветел, Раиконен. Возачите на Вилијамс, Хулкенберг и Саинц ЈР. се решија да не учествуваат во оваа прва серија на брзи кругови.
При вторите и финални обиди, Хамилтон ја зголеми својата предност пред Розберг на две десетинки, додека Рикиардо остана пред Ферстапен за третото место на стартот. Кими Раиконен во вториот обид успеа да биде побрз од Ветел за петтата позиција. Седми најбрз беше Нико Хулкенберг пред Валтери Ботас, Фелипе Маса и Карлос Саинц ЈР на последното место од најбрзите десет возачи.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САД
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.999
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.215 + 0.216
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:35.509 + 0.510
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:35.747 + 0.748
5. Кими Раиконен Ферари 1:36.131 + 1.132
6. Себастијан Ветел Ферари 1:36.358 + 1.359
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:36.628 + 1.629
8. Валтери Ботас Вилијамс 1:37.116 + 2.117
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:37.269 + 2.270
10. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:37.326 + 2.327
Q2 Најбрзо време: Даниел Рикиардо 1:36.255
11. Серџо Перез Форс Индија 1:37.353 + 1.098
12. Фернандо Алонсо Мекларен 1:37.417 + 1.162
13. Данил Квјат Торо Росо 1:37.480 + 1.225
14. Естебан Гутиерез Хас 1:37.773 + 1.518
15. Џолион Палмер Рено 1:37.935 + 1.680
16. Маркус Ериксон Заубер 1:39.356 + 3.101
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:36.296
17. Роман Грожан Хас 1:38.308 + 2.012
18. Кевин Магнусен Рено 1:38.317 + 2.021
19. Џенсон Батон Мекларен 1:38.327 + 2.031
20. Паскал Верлајн Манор 1:38.548 + 2.252
21. Фелипе Наср Заубер 1:38.583 + 2.287
22. Естебан Окон Манор 1:38.806 + 2.510
107% време: 1:43.037