Луис Хамилтон имаше добар старт на трката и ја задржа предноста на Пол позицијата пред Нико Розберг. Најдобар старт имаше Себастијан Ветел кој успеа да го претекне Рикиардо, но потоа се реши да го нападне првиот свиок од внатрешната страна, што речиси секогаш е лош избор кога со себе се носи премногу брзина, па тој заврши во задниот дел на болидот на Розберг. Лидерот во шампионатот имаше извртување, што резултираше со пад на последното место. Сепак, Ветел, го извлече подебелиот крај, заработи уништена предна лева суспемзија на неговиот болид. За него трката беше завршена, а беше активиран виртуелниот безбедносен автомобил. Извртувањето на Розберг и напорите да се избегне судир со Мерцедесот, имаа значително влијание врз поредокот на стартот од трката.
По рестартот на трката најголем напредок имаше Фернандо Алонсо кој од последната позиција стигна до десеттото место. Напред, Хамилтон немаше проблем лесно да ја контролира предноста пред Рикиардо. Од инцидентот во првиот свиок изгуби и младиот Холанѓанец во тимот на Ред Бул, но откако падна неколку места, тој успеа да стигне до третото место.
Во деветиот круг повторно беше активиран виртуелниот безбедносен автомобил, по проблемите на Роман Грожан со сопирачките на својот болид, по што мораше да ја заврши трката и да паркира покрај патеката. Макс Ферстапен веднаш се упати во бокс за нови меки гуми. Тој падна на четвртото место зад Раиконен.
По рестартот свое шоу имаше Нико Розберг, кој до 19-от кругу веќе беше на седмото место, последно претекнувајќи ги Карлос Саинц ЈР. и Валтери Ботас во само еден круг, иако разликата помеѓу овие два возачи беше 1.6 секунди. Сега пред него се најде Кими Раиконен кој само што ги беше променил меките гуми за најтврдата смеша на Пирели, која беше задолжителна за користење на оваа трка. Набргу потоа, лидерот на трката Хамилтон и второпласираниот Рикиардо истовремено се решија за посета на своите механичари и промена на гуми. Нормално се решија за портокаловата смеша на Пирели. Со тоа Макс Ферстапен се најде на првото место во овој сегмент од трката.
Водството го одржуваше до 26-от круг кога неговите меки гуми почнаа да губат перформанси и во наредниот круг, тој го имаше својот втор пит-стоп, овој пат за да ги земе тврдите гуми. Тој на патеката излезе на третото место со заостанување од пет секунди зад тимскиот колега Рикиардо. Во овој втор стинт Хамилтон ја "набилда" својата предност и на крајот од 38 круг беше 20 секунди пред Рикиардо и 21-на пред Ферстапен.
По еден мирен период од десетина круга, кога најверојатно беше во мод на штедење гориво, во прв план повторно се најде Нико Розберг кој се залепи зад Кими Раиконен и се очекуваше во секој момент да го претекне. При првиот напад, после стартно-целниот правец, Финецот успеа да се одбрани. Розберг беше упорен и продолжи да напаѓа и во третиот свиок со ризичен потег (од типот на Ферстапен, за кои Холанѓанецот досега не беше казнет) се пикна во внатрешноста на третиот свиок, по што дојде до судир на двата болиди. Болидите немаа некоја поголема штета, по што двајцата возачи ја продолжија својата трка, но сега Германецот беше на трето место. Ова претекнување се најде под истрага од страна на стјуардите.
Во тие моменти, 41-от круг, трката имаше драматичен пресврт, откако од издувниот систем на болидот на Хамилтон почнаа да излегуваат пламени јазици. Мерцедес ПЕ беше готова и лидерот на трката мораше да се паркира покрај патеката. Тоа го промовираше Рикиардо на првото место, но со Ферстапен веднаш зад него. Следуваше вистинска борба за првото место, но заврши неколку круга пред крајот на трката кога се виде дека Ферстапен нема сили за да го претекне својот тимски колега.
Стјуардите се решија да му доделат 10 секунди додатно време на Нико Розберг за инцидентот со Кими Раиконен, но Мерцедесот веќе имаше направено 9 секунди разлика до Ферарито, па и покрај охрабрувањата на Кими од својот тркачки инженер, тој не успеа да издржи во границата од десет секунди, што ќе значеше пласман на подиумот.
Денешниот пласман значи дека Розберг го зголеми своето водство над Хамилтон на 23 поени, додека Рикиардо дополнително се зацврсти на третото место во генералниот пласман на возачи. Со откажувањето на Хамилтон Мерцедес АМГ ја одложи прославата за титулата во пласманот на конструкторите. Ред Бул го зголеми водството пред Ферари на 46 поени во битката за второто место.
Голема награда на Малезија, Сепанг, Куала Лумпур.
56 круга, 310.408км., Време: Суво.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Даниел Рикиардо Ред Бул 1ч41:05.793
2. Макс Ферстапен Ред Бул + 2.443
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 25.516
4. Кими Раиконен Ферари + 28.785
5. Валтери Ботас Вилијамс + 1:01.582
6. Серџо Перез Форс Индија + 1:03.794
7. Фернандо Алонсо Мекларен + 1:05.205
8. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:14.062
9. Џенсон Батон Мекларен + 1:21.816
10. Џолион Палмер Рено + 1:35.466
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1:38.878
12. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
13. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
14. Данил Квјат Торо Росо + 1 круг
15. Паскал Верлајн Манор + 1 круг
16. Естебан Окон Манор + 1 круг
Најбрз круг: Н. Розберг - 1:36.424
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим
Фелипе Наср Заубер
Естебан Гутиерез Хас
Луис Хамилтон Мерцедес АМГ
Кевин Магнусен Рено
Роман Грожан Хас
Себастијан Ветел Ферари
Генерален пласман по 16 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 288 1. Мерцедес АМГ 553
2. Луис Хамилтон 265 2. Ред Бул 359
3. Даниел Рикиардо 204 3. Ферари 313
4. Кими Раиконен 160 4. Форс Индија 124
5. Себастијан Ветел 153 5. Вилијамс 121
6. Макс Ферстапен 147 6. Мекларен 62
7. Валтери Ботас 80 7. Торо Росо 47
8. Серџо Перез 74 8. Хас 28
9. Нико Хулкенберг 50 9. Рено 8
10. Фернандо Алонсо 42 10. Манор 1
11. Фелипе Маса 41
12. Карлос Саинц ЈР. 30
13. Роман Грожан 28
14. Данил Квјат 25
15. Џенсон Батон 19
16. Кевин Магнусен 7
17. Паскал Верлајн 1
18. Штофел Вандорн 1
19. Џолион Палмер 1
Победнички Шампањ...
Кога губи, се е против него... Не бе не е до тебе, форсираш како луд кога имаш победа во раце и после теории на заговор ќе пласираме по медиуми... Ова не е однесување на Шамион...
Стартот на трката...
Onboard со Себастијан Ветел...
Нико Розберг VS Кими Раиконен - Ризик и 10 секунди казна - незаслужено...
Ohhhhhhh... No... Nooooooooo...