Себастијан Ветел се извини на водечкиот во Шампионатот, Нико Розберг, што неговиот дуел со Макс Ферстапен резултираше со негово извртување на патеката и губење многу позиции. Германецот во Ферари имаше одличен старт од третиот стартен ред и се обиде да го помине тинејџерот од внатрешната страна на првиот свиок. Тоа беше крај за Ветел откако заврши со скршена предна суспензија.
Објаснувајќи го инцидентот, Ветел рече: "Се обидов да го престигнам Макс од внатрешната страна на првиот свиок. За жал, дојде до контакт со Нико, кој во тој момент не можеше да ме види, па тоа не е негова вина. Јас не можам да направам ништо повеќе, освен искрено да му се извинам, бидејќи тоа нема никаква врска со него и тоа беше последното нешто што тој го посакуваше. Секако дека не влегувам во првиот свиок со желба да завршам со скршена суспензија."
Што се однесува до коментарите на Ферстапен, дека Ветел е "луд" и "идиот", четирикратниот шампион, вели: "Во таа ситуација, при борба тркало до тркало во првиот свиок, мислам дека ја имавме истата точка на притискање на сопирачката. Значи, ако ништо друго имаше два идиоти во тој момент."
Сепак, на крајот, Розберг, ја плати најголемата цена, бидејќи од потенцијалниот победник отиде на последното место во тој момент. На крај финишираше на третото место.
"Очигледно беше дека Нико е напред и тој немаше никаква врска со битката зад себе и на крај излезе како еден од најголемите губитници."
СЕБ: ВО ПРВИОТ СВИОК ИМАШЕ ДВАЈЦА ИДИОТИ, НЕ САМО ЕДЕН
10/02/2016 08:55:00 PM
0
Share to other apps