Од трката за Големата Награда на САД, се воведува ново правило - "Verstappen Rule". Имено, Чарли Вајтинг, тркачкиот директор на ФИА издаде дополнување на правилата со кое се прогласуваат маневрите при кочење за нелегални. Ова беше направено по вчерашната средба на возачите на која имало многу плачење на дефанзивното возење на Ферстапен. Најгласни од сите биле Роман Грожан, Луис Хамилтон, Себастијан Ветел и Кими Раиконен.
Запрашан дали Холанѓанецот се чувствува дискриминиран од страна на ФИА, која воведува правило поради неговиот стил на возење, тој вели:
"НЕ. Мислам дека тоа е позитивна работа. Можеби тие сега ќе може да ме претекнат. Едно е сигурно, јас не мислам да го променам моето однесување на патеката, како и секогаш, реагирам инстиктивно во жарот на борбата, секогаш се обидувате да ја одбраните својата позиција кога сте нападнати. Досега тоа не беше забрането со правила, сега тоа се забранува, па ќе видиме како тоа ќе влијае на трката."
"Сега секој возач ќе мисли дека колегата кој е напред нема да оди кон внатрешноста на свиокот кога ќе започне со сопирање, па сега ќе ја употребуваме сопирачката што е можно подоцна, па да видиме што ќе се случува. Не сум сигурен дека тоа е вистинскиот пристап, ќе видиме. Но, правилата се исти за сите. Ние сите ќе треба да се справиме со тоа правило. Дали тоа ќе ја направи Формула 1 уште поинтересна, ќе видиме."
МАКС: СЕГА МОЖЕБИ ЌЕ МОЖАТ ДА МЕ ПРЕСТИГНАТ
10/23/2016 11:37:00 AM
0
Share to other apps